01 Ноември, 2024
0.0300

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа седница за пратенички прашања, опозицијата и власта си разменија остри зборови

Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

ОПОЗИЦИЈАТА И ВЛАСТА СЕ КОНФРОНТИРАА НА СЕДНИЦАТА ЗА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА

Националната безбедност на заслужува да биде тема во јавноста, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на пратеничко прашање во Собранието во врска со назначувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Тој и посочи на опозицијата да не прави политика од овој случај, појаснувајќи дека постојат институции кои што треба да водат сметка за таа работа.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска изјави дека бројот на убиства и на разбојништва е намален, а од опозицијата како што рече, 300 пати му побарале оставка. 

Премиерот Христијан Мицкоски за министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска вели дека е поголема Македонка од многу други. Тој се гордее што таа е дел од неговата Влада. 

Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев денеска го праша премиерот Христијан Мицкоски за признавање на Палестина, а Мицкоски повика на мир. 

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска како пратеник во Собранието рече дека новата директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи ја добила дипломата од теолошки студии лани по 26 години откако го започнала факултетот.

КРИВИЧНА ПРОТИВ ПОРАНЕШНАТА МИНИСТЕРКА ЗА КУЛТУРА

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Единица за финансиски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 4 во врска со став 1 од КЗ против Б.К.С. од Битола, како поранешен министер во Министерството за култура.

Јасно е дека станува збор за ексминистерката Бисера Костадиновска Стојчевска, а се работи за Универзална сала во Скопје. 

МИЦКОСКИ РЕЧЕ ДЕКА ГИ МОЛЕЛ „БЕХТЕЛ И ЕНКА“

Премиерот Христијан Мицкоски на пратеничко прашање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во Собранието рече дека во Вашингтон го молел раководството на изведувачот „Бехтел и Енка“ да не активира казнени клаузули од, како што рече, 100-тина милиони евра.

- Првата средба со Бехтел и Енка ја имав во Вашингтон и молев, требаше да ни наплатат 100 милиони евра зошто немаа фронт за работа. Молевме, да молев и ќе молам ако треба да го заштитам секој денар на граѓанинот на Македонија. И што направивме?Заедно со потпретседателот на владата и директорот на „Државни патишта“ со претставници од компанијата излеговме на истотото место (Гостивар - Букојчани)  каде што претходно се пукаа петарди, за да означиме отворен фронт со расчистени имотно правни односи и траса на која може конечно да се работи, рече Мицкоски.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Туберкулозата останува сериозен здравствен предизвик, и покрај напредокот во медицината и достапноста на ефикасни лекови. Минатата година, на глобално ниво биле регистрирани над 8 милиони нови случаи, наведува Светската здравствена организација (СЗО), што е најголемиот број регистриран од почетокот на мониторингот. 

Зголемен број на деца кои се во ризик за 13 проценти, како и деца во судир со законот и повикани во полициска станица за 54 отсто во текот на 2023 година, споредено со 2022 година утврдиле од Државниот совет за превенција на детското престапништво.

Иако се тие врв над сите врвови, не се само македонските банки профитабилни бизниси. 

Владата по забраната на домашните приредувачи на интернет игри на среќа, преку интервенција во „Законот за електронски комуникации“ ќе го забрани пристапот до странските онлајн обложувалници. Измените и дополнувањата се веќе најавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи. Предлогот ќе биде разгледуван од јавноста еден месец по што се очекува да се најде во Собранието.

Својата разделба од „Македонијатурист“ поранешната директорка Соња Бибановска ја уновчи со 9,2 милиони евра откако ги продаде своите 11 отсто во најголемата македонска хотелиерска компанија

Нова тригодишна државна обврзница издадена пред неколку дена, со која државата повторно се задолжува на домашниот пазар, од денеска ќе котира на Македонската берза.

Рекорд над сите рекорди, историски профит каков што досега не е виден во историјата на банкарското работење.

Одлично и оди на најстарата и една од најуспешните и најголеми банки во земјава, Стопанска банка Скопје. За првите девет месеци од годинава таа се „закити“ со чист профит од 45,36 милиони евра, фантастична сума која говори дека банкарското работење е убедливо најпрофитабилно, а акционерите на банките што работат во земјава имаат и тоа како причини за задоволство.

Можеби ќе ве интересира

ПИСОНЕРО: Сите политички сили во Македонија да се обединат за да се спроведат уставните измени

ПИСОНЕРО: Сите политички сили во Македонија да се обединат за да се спроведат уставните измени

АДВОКАТИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ТВРДАТ: Христијан Пендиков не бил тепан зашто се чувствува како Бугарин

АДВОКАТИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ТВРДАТ: Христијан Пендиков не бил тепан зашто се чувствува како Бугарин

ТОШКОВСКИ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Вие 300 пати ми побаравте оставка

ТОШКОВСКИ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Вие 300 пати ми побаравте оставка

АПАСИЕВ ПРАША ЗА ПРИЗНАВАЊЕТО НА ПАЛЕСТИНА: Mицкоски повика на мир во Газа, Украина и секаде во светот

АПАСИЕВ ПРАША ЗА ПРИЗНАВАЊЕТО НА ПАЛЕСТИНА: Mицкоски повика на мир во Газа, Украина и секаде во светот

„ПАДНА“ ОДЛУКА: Уставниот суд ја поништи одредбата за верски обреди во армијата

„ПАДНА“ ОДЛУКА: Уставниот суд ја поништи одредбата за верски обреди во армијата

ГРАЃАНИТЕ ДОБИВАЛЕ ПОРАКИ ДЕКА СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРАВНИ ПОСТАПКИ: Измами во име на МВР, внимавајте

ГРАЃАНИТЕ ДОБИВАЛЕ ПОРАКИ ДЕКА СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРАВНИ ПОСТАПКИ: Измами во име на МВР, внимавајте

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе град во западниот дел

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе град во западниот дел

(ФОТО) СЕДЕШЕ ВО ДРУШТВО НА ЖЕНА: Груевски e фотографиран во јапонски ресторан во Будимпешта

(ФОТО) СЕДЕШЕ ВО ДРУШТВО НА ЖЕНА: Груевски e фотографиран во јапонски ресторан во Будимпешта

МИЦКОСКИ МУ ОДГОВОРИ НА СПАСОВСКИ: Сања Божиновска е многу поголема Македонка од сите вас заедно

МИЦКОСКИ МУ ОДГОВОРИ НА СПАСОВСКИ: Сања Божиновска е многу поголема Македонка од сите вас заедно