ПИСОНЕРО: Сите политички сили во Македонија да се обединат за да се спроведат уставните измени
Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2024
Oд Брисел повикаа сите политички сили во Македонија да се обединат за да се спроведат уставните измени.
Ана Писонеро, портпаролка на Европската комисија, денеска нагласи дека процесот на проширување се заснова на заслуги.
„Процесот на проширување продолжува да биде процес заснован на заслуги и зависи од објективниот напредок постигнат од секој од партнерите“, рече Писонеро.
Македонија вчера го доби извештајот од ЕК, во кој има забелешки за реформите, но и за уставните измени. Албанија ги почна преговорите.