17 Декември, 2025
0.0581

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се расчистува од невремето, се проценуваат штети, а партиите се обвинуваат кој не си ја завршил работата

Објавено во: Македонија 31 Август, 2022 21:01

Добивај вести на Viber

СЛУЖБИТЕ РАСЧИСТУВААТ ПО НЕВРЕМЕТО

Од Владата велат дека институциите ги утврдуваат и санираат штетите од вчерашното невреме. 

Додаваат дека се во постојана  комуникација и координација со надлежните институции по вчерашното невреме и се прават максимални напори да се санираат штетите.

Во таа насока, беше речено на денешната прес-конференција,  надлежната институција односно Центарот за управување со кризи веќе информираше за првично утврдените штети од невремето.

По обилните поројни врнежи од дожд и силниот ветер од 70 километри на час, што вчера попладне го зафатија Скопје, досега се сумирани податоци од над 1.000 повици за итни ситуации на единствениот телефонски број за итни ситуации 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив 180 до 200 повици ги координираше ЦУК, а другите 800 пријави ги реализираа субјектите од Системот за управување со кризи.

Се санираат штетите кои се предизвикани пред се од обилните наноси на дожд, има голем број откорнати и паднати дрвја кои имаат нанесено значителни материјални штети, а сето тоа предизвикано од силните ветрови во попладневните часови во Скопје, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

ПАРТИИТЕ СЕ НАПАЃААТ КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА ХАОСОТ КОЈ НАСТАНА ВО СКОПЈЕ

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од УХМР и Владата,  а власта излезе со обвинувања за општините. 

ВМРО - ДПМНЕ ги посочи според нив главните виновници за последиците од вчерашната непогода, а доказот велат дека лежи во договорот кој Владата три години по ред го склучува со Аероклуб Скопје. Тој предвидува,  да ги активира авионите и да го спречи невремето со помош на градобијни ракети, а по претходно предупредување од УХМР.

РОТ ОБЈАСНИ КОЛКУ СЕ ВАЖНИ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

Државата пред партијата при одлучувањето за иднината, порача во Скопје, 

германскиот пратеник и претседател на Комисијата за надворешни работи во Бундестагот, Михаел Рот. 

Вели дека треба да дадат поддршка за уставните измени. 

„Се надевам дека во парламентот ќе се создадат предуслови за да се продолжи со пристапните преговори. Знам дека промената на Уставот не им паѓа лесно на многумина, но сите треба да се прашаат како најдобро да ѝ служам на државата, а не на мојата партија“, вели Рот. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

И покрај Законорт за финансиска дисциплина, многу од компаниите во земјава и натаму „милуваат“ да должат и да не ги плаќаат навреме своите обврски кон деловните партнери.

Управниот одбор на ЈП „Национални шуми“ го објави новиот ценовник за купување на огревно дрво, откако Владата го прифати на минатонеделната седница. Според истиот, цените се зголемени за 20 отсто во однос на претходните кои не се променети од 2009.

Комората на приватно здравство при ССК осто реагиа на изјавата на министерот за здравство Беким Сали кој денеска истакна дека проблемите во овој сектор се решаваат преку дијалог, а не преку протести.

Комората на приватно здравство при ССК осто реагиа на изјавата на министерот за здравство Беким Сали кој денеска истакна дека проблемите во овој сектор се решаваат преку дијалог, а не преку протести.

Градежната компанија Бетон која се соочува со големи проблеми во последниов период, преку ценовно чувствителна информација на Берзата ја информира инвеститорската јавност дека таа ќе успее да ги исплати сите обврски што ги има кон доверителите, и покрај, како што велат, некоректното однесување на државните институции, но и брзањето на деловните банки да ги наплатат своите кредити.

Расте отпорот кон рускиот јазик во Украина и неговата употреба се намалува.  Според најновата анкета која ја објави социолошката група Рејтинг, бројот на оние кои дома почесто зборуваат украински јазик продолжува да се зголемува.

фото Вангел Тануровски

Можеби ќе ве интересира

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето