ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стигна модифициран француски предлог, Ковачевски најави консултации, Мицкоски повика да го објават веднаш
Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2022 21:38
МАКРОН СО НОВ ПРЕДЛОГ
Францускиот претседател, Емануел Макрон, на прес конференција што предмалку заврши изјави дека е најдено компромисно решение за спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија.
„Продолживме да разговараме со Бугарија и Северна Македонија и постигнавме напредок во однос на европската клима. Француското претседателство направи голем напредок, во вторникот и средата навечер и имаше уште едно прашање меѓу Бугарија и Северна Македонија, и така со последните наши сили продолживме да разговараме со двете страни. И како што објави Европскиот совет на 23 и 24 јуни, продолживме да работиме на отворање на првото поглавје врз основа на досегашните дискусии. Можам да кажам дека е најден компромис, компромис кој ја зачувува чувствителноста на двете страни и верувам дека е прифатлив за сите. Во наредните денови и двете страни ќе го потврдат тоа. Бугарскиот претседател и премиерот веќе го поддржаа францускиот предлог и ќе има разговори во наредните денови во Скопје. Ова е важно за безбедноста, стабилноста и дека минатото може да се надмине“, рече Емануел Макрон, претседател на Франција.
КОВАЧЕВСКИ НАЈАВИ КОНСУЛТАЦИИ
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на прес - конференција изјави дека официјалните ставови ќе бидат соопштени откако францускиот предлог ќе ги помине сите филтри.
Ќе има широка консултација, со партиите, граѓанските организации и експерти. Ковачевски повика сите политички актери да се воздржат од шпекулации. Вети дека ќе бидат транспарентни.
„Нашите забелешки се содржани во овој предлог кој го имаме во МНР. Историските прашања не можат да бидат дел од преговарачката рамка“, рече премиерот.МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА СЕ СМЕНЕТИ САМО ДВА ЗБОРА
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на прес - конференција изјави дека ако е добар францускиот предлог, Владата треба веднаш да го објави на веб страната.
Тој вели дека Македонија преговара под бугарски диктат. Вели дека во новиот предлог се сменети само два збора.
„Лага е на Владата дека не биле запознаени со предлогот, лага е и тоа што ова сега го претставуваат како голем успех, а не сме го виделе и прочитале“, рече Мицкоски.
Вели дека ако претходно имавме нокаут на македонската дипломатија, сега имаме нокаут со продолжено дејство. Мицкоски вели дека не треба да се лажеме, ова е дебакл. Прашува дали треба да им веруваме на луѓе кои досега многу пати излажале. Кажа дека предлогот кој пристигнал е неприфатлив за нив. Мицкоски вели дека ако сакаат да нема шпекулации, треба да го објават предлогот веднаш, уште вечерва.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
За прв пат после подолг период, со кадар се зајакнува и Државниот завод за ревизија.
Државната институција која ги „чешла“ книгите на државните институции и првично лови дали тие законски или незаконски ги трошеле државните пари, вработува тројца нови помлади ревизори.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




