ФАКТОР НА ДЕНОТ: Странците ќе помогнат во борбата со пожарите
Објавено во: Македонија 28 Јули, 2025 22:11
СЛОВЕНИЈА И ЧЕШКА ЌЕ ПОМОГНАТ ЗА ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРИТЕ
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска попладне изјави дека Република Чешка испратила официјална понуда за помош во справувањето со активните пожари на територијата на Македонија.
Помошта вклучува хеликоптер од типот „Блекхок“, кој веќе утре ќе полета и се очекува да пристигне во текот на денот.
„Понудата од Чешка ја прифативме веднаш“, рече Ангелов.МАКЕДОНЕЦ ВО АВИОН СОВЛАДА ЧОВЕК КОЈ СЕ ЗАКАНУВАШЕ СО БОМБА
Македонецот Зоран Настески е херојот кој го спречи терористички напад во авион на летот Лутон - Глазгов.
Видеото од соборувањето на терористот во авион кој патувал кон Глазгов кое масовно се споделува на социјалните мрежи ја вознемири јавноста, но и ги запали социјалните мрежи бидејќи беше воочливо дека лицето кое го соборува терористот е од Балканот.
Стигна потврда дека храбриот патник бил скопјанецот Зоран Настески кој живее во Англија.
Настески го соборил на земја патникот - теторист кој на летот на „Изиџет“ од Лондон Лутон до Глазгов се заканувал дека има бомба и извикувал „Смрт за Америка, смрт за Трамп“ и „Алаху акбар“ и се заканувал со бомба во авионот.АРСОВСКА ГО ВРАТИ СПОМЕНИКОТ НА ЌОСЕТО
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, објави дека на булеварот Александар Македонски во Скопје е вратен споменикот на Андон Јанев Ќосето, кој претходно беше отстранет од поранешниот градоначалник Петре Шилегов поради симболизирање на насилничко владеење.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото принтскрин ДЗС
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




