18 Декември, 2024
0.0254

БОЖИНОВСКА: Ja поздравувам одлуката на РКЕ за минимално покачување на цената на електричната енергија

Објавено во: Економија 18 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска ја поздравува одлуката и одговорниот пристап на Регулаторната комисија за енергетика, која како независно тело, донесе одлука за минимално, односно незначително, покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата. 

Посебно е задоволна заради минималното покачување од 0,68 отсто за првиот блок на потрошувачи, кои сочинуваат скоро 80 отсто од вкупниот број на домаќинства. Исто така за поздравување е и тоа што просечно покачување е од незначителни 0,92 отсто на цената на електричната енергија за домаќинствата.

„Оваа одлука секако е резултат на посветената соработка помеѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, АД ЕСМ – најголемиот производител на електрична енергија во државата, и останатите компании од енергетскиот сектор. Со заеднички напори успеавме да обезбедиме стабилно снабдување со електрична енергија и одржување на ценовната стабилност, дури и во услови на глобални енергетски предизвици. На тој начин помагаме на животниот стандард на граѓаните. Посветеноста на АД ЕСМ кон ефикасното управување со ресурсите претставува клучен фактор за овој успех. Во изминатиот период со сериозен и одговорен пристап значително ги подобривме работните процеси во енергетските капацитите во насока на намалување на трошоците,  што има значаен допринос кон одржување на ценовната стабилност, но и сигурност и стабилност на енергетскиот систем на нашата земја. Наследивме неповолни договори од минатото, големи долгови, неподготвени енергетски капацитети и други неповолни состојби кои успешно ги решаваме“, вели Божиновска. 

Како Министерство, остануваат фокусирани на развој и имплементација на долгорочни стратегии, како и зголемување на домашното производство на електрична енергија што ќе придонесе за ценовна стабилност. Велат дека се среќни што првичните видливи резултати, граѓаните ќе ги почувствуваат.

Претседателот на регулаторната комисија за енергетика,Марко Бислимовски, денеска објави дека крајната цена за домаќинствата од страна на универзалниот снабдувач од 1 јануари 2025 ќе се зголеми минимално за 0,92 отсто.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Берзите мируваат, каматите се движат

Берзите мируваат, каматите се движат

Сметките за струја не стигаат на домашна адреса на граѓаните, Пошта не ги носи

Сметките за струја не стигаат на домашна адреса на граѓаните, Пошта не ги носи

НЕШТО СЕ „РАЗМРДУВА“ КАЈ ПРИЛЕПСКИОТ БИЗНИС БИСЕР - блок трансакција со акциите на „Прилепска пиварница“

НЕШТО СЕ „РАЗМРДУВА“ КАЈ ПРИЛЕПСКИОТ БИЗНИС БИСЕР - блок трансакција со акциите на „Прилепска пиварница“

ПЕТ ПОНУДИ ЗА ИЗГРАДБА НА ИНТЕРКОНЕКТОРОТ СО ГРЦИЈА: Еве од каде се пријавените фирми

ПЕТ ПОНУДИ ЗА ИЗГРАДБА НА ИНТЕРКОНЕКТОРОТ СО ГРЦИЈА: Еве од каде се пријавените фирми

Струјата за домаќинствата од 1 јануари поскапе минимално

Струјата за домаќинствата од 1 јануари поскапе минимално

Узунчев: Марковски Компани нема да може да аплицира на повикот за јаглен

Узунчев: Марковски Компани нема да може да аплицира на повикот за јаглен

Божиновска: 85 милиони долари достапни за праведна транзиција – инвестициите проценети на 3 милијарди евра

Божиновска: 85 милиони долари достапни за праведна транзиција – инвестициите проценети на 3 милијарди евра

АВТОМОБИЛСКИ ГИГАНТ ПОВЛЕКУВА ИЛЈАДНИЦИ ВОЗИЛА - само од пазарот во Германија 160.000 автомобили, над 700 илјади во светот

АВТОМОБИЛСКИ ГИГАНТ ПОВЛЕКУВА ИЛЈАДНИЦИ ВОЗИЛА - само од пазарот во Германија 160.000 автомобили, над 700 илјади во светот

НАЈГОЛЕМО СПОЈУВАЊЕ ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА – ВО „ИГРА“ СЕ ЈАПОНСКИ ГИГАНТИ: Што значи ова за пазарот?

НАЈГОЛЕМО СПОЈУВАЊЕ ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА – ВО „ИГРА“ СЕ ЈАПОНСКИ ГИГАНТИ: Што значи ова за пазарот?