ФАКТОР НА ДЕНОТ: Тензични протести пред Владата и Собранието, демонстрантите маваа со јајца
Објавено во: Македонија 04 Јули, 2022 21:23
ТЕНЗИЧНИ ПРОТЕСТИ ВО СКОПЈЕ
Eскалира протестот пред Владата. Дел од демонстрантите влегоа во дворот на Владата.
Демонстрантите почнаа да фрлаат со камења, јајца и тоалетна хартија кон зградата на Владата, а се слушаат и експлозии веројатно од петарди. Демонстрантите кои ја пробија и заштитната ограда. Викаат „Оставка“ и „Станете Македонци“.
Дел од демионстрантите се судрија со полицијата која постави кордон пред зградата на владата, откако ја пробија заштитната ограда и започнаа да фрлат по полицијата со камењ.
Претходно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повика граѓаните на голема масовност затоа што, според информациите на опозицијата, владата утре има намера да го прифати предлогот на француското претседателство.
Демонстрантите ја пробија оградата пред Собранието и сега протестираат во дворот. Тие образложуваат зошто власта треба да го отфрли францускиот предлог.НА ПРОТЕСТОТ СЕ ПОЈАВИ И ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ
Пејачот Ламбе Алабаковски пееше и се обрати на протестот пред Владата.
Тој запали лист хартија на кој пишуваше Преспански договор, Договор со Бугарија, француски предлог. Вели дека она што сега се случува со Македонија е фашизам.
„Aко мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка“, рече пејачот.MИЦКОСКИ СМЕТА ДЕКА УТРЕ ВЛАДАТА ЌЕ ГО ПРИФАТИ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека Владата утре на седница ќе носи одлука за францускиот предлог. Од свои извори ја дознал оваа информација.
Тој го повика македонскиот народ да излезе пред Владата и да каже „не“ за предлогот.
„Утре ќе се одржи владината седница на којашто ќе биде прифатен францускиот предлог. Затоа, ја повикувам цела Македонија утре да дојде пред Владата“, рече Мицкоски.
Тој ќе се откаже од предвремени избори доколку премиерот Димитар Ковачевски не го прифати модифицираниот француски предлог.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Централното градско подрачје од главниот град од околу 14.30 минути остана без електрична енергија.
Можеби ќе ве интересира
Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...
И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат
SMART CITY ВИ Е DUMB CITY: Колозова со критики - „никогаш нема да повеќе да возам“
ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ДА ИМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Мицкоски без нив нема да го менува Уставот
Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот




