ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради пожарите
Објавено во: Македонија 08 Јули, 2025 22:24
ВЛАДАТА ПРОГЛАСИ КРИЗНА СОСТОЈБА ПОРАДИ ПОЖАРИТЕ
Прогласена е кризна состојба во Македонија поради зголемана појава на пожарите, во траење од 30 дена, информираше портпаролката на Владата, Марија Митева по завршувањето на седницата на Владата. Оваа одлука е донесена по денешните состаноци поради сложеноста на теренот, високите температури, силните ветрови и ризикот за животната средина.
СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА Е РАЗОЧАРАНА ОД ЕУ
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарско прашање за отстранувањето на македонскиот јазик и идентитет преку амандман излобиран од бугарски пратеници, вели дека тоа го докажува демократскиот дефицит во ЕУ, вклучувајќи го и Европскиот парламент, којшто, вели, треба да биде дом на европските граѓани.
-Не сум шокирана, иако сум длабоко разочарана тоа го кажав, особено од природата на некои амандмани, па и од дискусиите, не сум шокирана бидејќи во Европскиот парламент седат и претставници на партии што се против самата ЕУ. Инаку, пријатно бев изненадена од извештајот на господинот Вајц, тој важи за почитуван пратеник кој ги познава добро балканските прилики, бидејќи истото ова што ни се случува нам, можеше и Австрија да го прави кон Словенија бидејќи и во словенечкиот Устав ги нема Австријците, Хрватите, Бошњаците, Ромите... Но природата на амандманите покажа дека навистина не само светот туку и Европа и ЕУ имаат сериозен проблем со демократијата, потенцира Сиљановска Давкова.АРСОВСКА ОБЈАВИ ВИДЕО ЗА КРАЖБИТЕ НА ВОДА
Нов случај со кражба на вода или нелегален приклучок на вода откриваат од градската администрација, но при тоа, како што објави градоначалничката Данела Арсовска биле нападнати и добиле закани заедно со советници од градот.
Градоначалничката алармира дека се повеќе диви приклучоци има на мрежата, поради што системот на може да обезведи доволно вода за сите потрошувачи. Дополнително алармира дека лицата ко не плаќаат трошат многу повеќе од оние кои редовно подмируват сметки.
- Водата е ПРИРОДЕН РЕСУРС, не се произведува во фабрика, извира од природата. Не е до мрежата, не е до цевките, едноставно од природниот извор на градот и дополнителниот бунарски систем нема капацитет да извира питка вода колку што дел од жителите трошат.УНЕСКО КОНСТАТИРА ДЕКА УНЕСКО Е ВО ОПАСНОСТ
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен во рамки на годинашната 47. Сесија што се одржува во Париз бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни богатства во опасност.
По разгледувањето на доставената документација во нацрт-одлуката се посочува дека продолжува деградацијата на атрибутите што го поместија Охридскиот регион како заштитено наследство на УНЕСКО и се бара исполнување на забелешките на Реактивната мониторигн мисија од минатата година.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Ресторан и кафе барот на заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири во Скопје Север остварил приходи од само 100-тина илјади евра во текот на минатата година, иако станува збор за еден од најпопуларните угостителски објекти во општина Бутел.Обидот за бришење на терминот македонски јазик и идентитет од извештајот за напредокот на Македонија кој го подготвува Европскиот парламент се чини дека е „кец на десетка“ за аргументите против менување на уставот како последната пречка пред конечното членство во ЕУ.
Милионски суми народни пари легнале на контото на Пуцко Петрол, чиј сопственик Асмир Јахоски е меѓу осомничените во случајот за злоупотреби при набавки на мазут за ТЕЦ Неготино, кој бил со лош квалитет за здравјето на луѓето.
Ако падне одлука за вонреден попис идната година, Државниот завод за статистика ќе ги преземе сите неопходни чекори за негова реализација – ова е одговорот кој Фактор го доби од институцијата, откако оваа тема во јавноста ја отвори премиерот Христијан Мицкоски, а ја продолжија сите политички партии.
фото ЦУК
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




