15 Декември, 2025
0.0934

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Скопје се забранува фрлање ѓубре од 22 часот навечер до 6 часот наутро

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2025 22:23

Добивај вести на Viber

ГРАД СКОПЈЕ ЗАБРАНУВА ФРЛАЊЕ СМЕТ ОД 22 ЧАСОТ ДО 6 НАУТРО

Советот на Град Скопје изгласа одлука за ноќна забрана за фрлање ѓубре. 

Граѓаните нема да смеат да фрлаат смет во контејнерите од 22 до 6 часот. За непочитување ќе следи казна од 50 евра. 

Со ваквата забрана велат дека контејнерите ќе се празнат поефикасно и немало да се создаваат депонии околу нив. 

„Ваквата практика јас сум ја сретнал во Истанбул и беше ограничена на 15 минути пред 5 часот кога смеете да фрлите ѓубре. Во Токио точно за секој камион за различен вид отпад исто беше точно предвидено времето кога се изнесува ѓубрето, кога се собира. Се надевам дека оваа практика ќе биде уште подобра кога ќе бидат воведени и различни корпи за селекција“, вели Даме Димитровски, претседател на Советот на Град Скопје.

ЃОРЃИЕВСКИ СООПШТИ КАКВИ ПРОЕКТИ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ ВО СКОПЈЕ

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски информира дека советниците денеска го изгласаа ребалансот на буџетот. 

Вели дека со еден глас против и еден воздржан, донесен е ребалансот на Буџетот на град Скопје - обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции.

„На денешната седница на Советот на Град Скопје, беше изгласан ребаланс за закрепнување на градот и јавните претпријатија, ребаланс кој ќе овозможи плати за вработените, но и со кој кратиме непродуктивни трошоци. Сакам да им се заблагодарам на сите советници за поддршката и конструктивноста. Почнуваме со консолидација.  Овој ребаланс значи сериозна промена со кој буџетскиот дефицит го намалуваме за 928,5 милиони денари, а капиталните инвестиции ги зголемуваме за речиси 98,9 милиони. Тоа е јасна порака дека нема повеќе нерационални задолжувања, туку нови решенија и нови проекти. Јавниот превоз го решаваме без нови кредити и без да го ставаме градот на колена. Приватните превозници се враќаат и повторно ќе возат, повторно ќе служат на скопјани. Во тек е соработка со Министерството за транспорт за повторно оживување на Градскиот воз“, додава тој. 

КОЦЕВСКИ БАРА ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ОБВИНИТЕЛСТВОТО

Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски,во своето обраќање до пратениците во Собранието, коментирајќи го предлог-буџетот за 2026, рече дека Обвинителството повторно ќе нема пари за сите потреби, а во меѓувреме зголемени се трошоците за поскапените вештачења.

Како пример тој го наведе случајот со увезениот мазут од стотина милиони евра кој беше купен за потребите на ТЕЦ Неготино, за кој Обвинителството се сомнева во неговиот квалитет и отвори предмет.

РАБОТНИЦИТЕ БАРААТ МИНИМАЛЕЦ ОД 600 ИЛИ 700 ЕВРА

Работниците во земјава сметаат дека минималната плата треба да се зголеми од 600 до 700 евра, покажува анкетата што ја спроведе Сојузот на синдикати на Македонија на 11 и 12 овој месец на репрезентативен примерок од 1.613 испитаници.

На прашањето „Колку треба да изнесува минималната плата“, од вкупниот број испитаници 45,2 проценти одговориле дека минималната плата треба да се зголеми на 600 евра, 42 проценти сметаат дека минималната плата треба да изнесува 700 евра, а 12,8 проценти дека таа треба да изнесува 500 евра.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување (МАПАС) следната година планира да потроши 124.225.000 денари или нешто над 2 милиони евра.

Целина на парцели од 18.881 метри квадратни државно земјиште со намена за изградба на бензинска станица на потег кон граничниот премин кон Бугарија на територијата на општина Ново Село е прoдадена на бизнисмен од Босилово кој во 2021 бил официјален партиски донатор на ВМРО-ДПМНЕ на тогашните локални избори.

Град Скопје го почна првиот чекор за конечно растеретување на сообраќајот во центарот на Скопје - еден од влезовите во подземната улица кај „Лимак“. Ќе се реконструира булеварот „Македонија“ од крстосницата кај „Тутунски комбинат“ до влезот на подзмената улица, како прв чекор од големиот зафат кој треба да се направи за да заживее оваа долго најавувана улица. 

Драги Митковски ќе го води ЈП Комунална хигиена во Град Скопје. Тој е назначен од новоизбраниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Европа старее, и требаат милиони работници во следните десет години, што поради недостиг на домашен кадар, што поради геополитичките предизвици кои ќе захтеваат поголема стапка на индустријализација, како за одржување на европската компетитивност во енергетиката и технологијата, така и во одбранбената индустрија.

Можеби ќе ве интересира

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро