16 Декември, 2025
0.0544

ОБРТ НАД 2,27 МИЛИОНИ ЕВРА, МИНИМУМ 90 ВРАБОТЕНИ, СЕДУМ КАМИОНИ: Што се бара од фирмите кои ќе аплицираат да го обноват булеварот до подземната улица кај „Лимак“

Објавено во: Економија 14 Ноември, 2025 08:30

Добивај вести на Viber

Град Скопје го почна првиот чекор за конечно растеретување на сообраќајот во центарот на Скопје - еден од влезовите во подземната улица кај „Лимак“. Ќе се реконструира булеварот „Македонија“ од крстосницата кај „Тутунски комбинат“ до влезот на подзмената улица, како прв чекор од големиот зафат кој треба да се направи за да заживее оваа долго најавувана улица. 

Но, што се бара од фирмите кои имаат рок за поставување понуди до 15 декември - како прв услов е економскиот оператор да има остварено годишен приход од најмалку над 2,27 милиони евра или 140.000.000,00 денари, за секоја година поединечно, во последните 3 години, односно во 2022, 2023 и 2024 година.

Се бара и специфичен кадар: 90 вработени или ангажирани лица, од кои минимум: - еден дипломиран градежен инженер со насока геотехника со овластување “Б“ за изведба од областа на геотехниката, два дипломирани геодетски инженери со исто овластување, три дипломирани градежни инженери, еден дипломиран сообраќаен инженер, еден дипломиран градежен инженер – хидротехничка насока, едно стручно лице за животна средина, еден дипломиран електро инженер, едно стручно лице за безбедност при работ, еден геодетски техничар, три градежни техничари, десет асфалтерски работници, дванаесет ракувачи со градежни машини за следната опрема: багер, утоварно возило, булдожер, ровокопач-натоварувач, ваљак, со уверение за стручна оспособеност. 

Од техничка опрема пак, се бара: Асфалтна база со А - интегрирана еколошка дозвола со капацитет од минимум 180 т/ч со оддалеченост од најмногу 50 педесет км од градилиштето, еден финишер за вградување на асфалт со работна ширина од 2,5 до 7 м и еден финишер за вградување на асфалт со работна ширина од 3 до 11 м и автоматско подесување на височина, со мултиплекс систем за рамнење. 

Потребно е фирмата да поседува и една машина за гребење на асфалт, една машина за сечење на асфалт, минимум седум транспортни средства – камиони – кипер со носивост од мин. 24 т, како и минимум пет багери, еден валјак за земја од минимум тежина од 14 тона, два челични валјаци со тежина од минимум 9 тони до 13 тони, два челични валјаци со тежина од минимум 7 тони до 9 тони, една цистерна за прскање емулзија, но и една цистерна за вода.

Се бара и еден камион кипер со дигалка, два гумени валјаци,две вибро-жаби, една вибро-плоча, еден грејдер, три ровокопачи (скипови), два утоварачи, еден компресор за воздух, еден булдожер, еден детектор за подземни инсталации. 

Фирмата која сака да се јави на тендерот ќе мора да има и геодетска опрема (Нивелир, Тотална станица, GPS), лизгачки систем за подупирање на ров со длабочина од минимум четири метри и со должина на ров од минимум 15 (петнаесет) метри.

И доколку го поседува сето ова, ќе мора да даде уште еден доказ - дека има реализирано најмалку два договори за изградба или реконструкција на улици, секоја со поединечна вредност од минимум 70 милиони денари, како и доказ за најмалку две навремено и квалитетно извршени вакви договори. 

Дека ќе се почнат активности за конечна изградба на сите останати делови соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој најави дека по реконструкцијата на булеварот „Македонија“, ќе почне постапката и за кружните текови кои се потребни за овој потег. 

„По завршувањето на правната постапка, веднаш започнуваме со работа. Ова е проект што претставува вистински пресврт за централното градско подрачје, капитална инвестиција што ќе го растовари сообраќајниот метеж и ќе донесе нова динамика во срцето на градот. Потоа ќе следат следните фази за изградба на кружен тек кај „Нова Македонија“ и двата кружни тека на потегот кај булевар „Кочо Рацин“ и улица „Железничка“, кои ќе овозможат побезбеден и побрз проток, со паметни и современи решенија согласно европските стандарди. Со пуштањето во употреба на подземната сообраќајница под „Лимак“, Скопје ќе го добие своето прво подземно сообраќајно чудо, нешто што досега не било својствено за нашиот град“, рече градоначалникот.

Ѓорѓиевски, кој го распиша тендерот, е четврти градоначалник кој се соочува со „Лимак“. Договорот за подземната улица беше потпишан во 12 март 2012, од страна на тогашниот градоначалник Коце Трајановски, кој најави дека за една година ќе се почне со градба и дека прво ќе се изгради улицата, а потоа објектите над неа.

Работата „мрдна“ со ексградоначалникот Петре Шилегов, а „Лимак“ во 2018 година почна да гради. Кога се кандидираше за втор мандат, Шилегов вети дека по изборите ќе почне постапката за изградба на кружните текови и пуштање на подземната улица. Но, тој ги изгуби изборите и на негово место дојде доскорешната градоначалничка, Данела Арсовска, во чиј четиригодишен мандат не беше направено ништо со оваа важна улица за растеретување на градскиот метеж.

Александар Тодески

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи