19 Декември, 2025
0.0461

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За Кос идентитетот се македонските специјалитети, за Мицкоски македонските револуционери

Објавено во: Македонија 01 Јули, 2025 22:26

Добивај вести на Viber

КОС ВЕЛИ ДЕКА И СПЕЦИЈАЛИТЕТИТЕ СЕ ДЕЛ ОД ИДЕНТИТЕТОТ

Идентитетот ви е вашето тавче - гравче, полнетите пиперки и пинџурот и тоа никој не може да ви го одземе, рече денеска комесарката на ЕУ за проширување, Марта Кос, на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски на Лидерскиот самит ЕУ - Зпаден Балкан.

Таа ова го кажа одговарајќи на прашање поврзано со заканите по македонскиот идентитет кои доаѓаат од бугарска страна

„Идентитетот не може, според мене, никогаш не може да стане предмет на политичко одлучување. Идентитетот е нешто што си го носиме во душите и во нашите срца. Идентитетот е како се чувствуваме, како ја чувствуваме нашата татковина. Идентитетот е она како се грижиме за нашата традиција. На пример, манастирите во Северна Македонија, на пример погачата, тавче-гравчето, пинџурот или полнетите пиперки. Како на пример ги одржуваме традиционалните носии. Какви односи градиме со постарите во земјата Каков однос имаме кон зачувување на нашиот јазик и никој не може ова да ви го одземе на вас Македонците.“ - рече Кос.

ИЗГОРЕА ШТАЛИ ВО ВАЛАНДОВСКО

Пожарот кој избувна попладнево околу 14 часот во непосредна близина на валандовско Грчиште и се закануваше да ги зафати првите куќи во селото, е ставен под контрола, но пламените јазици досега „проголтаа“ неколку штали.

Според информацијата од градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, нема повредени и изгорени куќи, но во гаснењето се ангажирани голем број пожарникари и технички средства.

БОЛНИТЕ СО РАК НА ДОЈКА ДВА ЛЕКА ЌЕ КУПУВААТ ВО АПТЕКА

Два онколошки лекови префрлени од болничка во примарна позитивна листа, проширен рокот во кој осигурени лица можат да остварат рехабилитација, како и поголем опфат и современа поддршка за ортопедски и други помагала. Ова се дел од новините кои ги најавија генералните директори на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов во работата на Фондот. Тие истакнаа дека станува збор за значајни новини, што директно го подобруваат пристапот и квалитетот на здравствените услуги за осигурените лица.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Најавено е дека ќе има кампања за поттикнување на купување на домашни земјоделски производи, нешто за што граѓаните имаат различни мислења.

Народна банка бара нов кандидат кој ќе биде иден член на Фискалниот совет, тело кое се оформи пред неколку години. Како што е објавено на веб страната на НБ отворен е Јавен повик за пријавување лица за избор на еден член од Народната банка во Фискалниот совет.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните