19 Јануари, 2025
0.2172

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Запален дуќан и возила во Куманово, едното било на Џелал Бајрами

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

ЗАПАЛЕНИ ВОЗИЛА И ДУЌАН ВО КУМАНОВО

Синоќа во Куманово изгоре дуќан на членот на Советот на Општина Куманово, Фитор Јакупи. Од ДУИ оценуваат дека се работи за акт на омраза и меѓуетнички поделби и ја повикуваат меѓународната заедница да реагира. 

Тој на социјалните мрежи објави дека непознат сторител ја опожарил неговата канцеларија во 03.05 часот.

Запалени се и неколку автомобили, а ДУИ реагира дека пожарите се подметнати. Јакупи повика на брза реакција од надлежните органи.

ДАМЕВА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Oд Владата велат дека оставката на Весна Дамева е единствената исправна одлука. 

„Оставката на претседателката на Судскиот совет е единствената можна и исправна одлука по огромните забелешки за нејзината работа“, велат од Владата откако Весна Дамева денеска на прес-конференција соопшти дека си поднесува неотповиклива оставка од функцијата.

Додаваат дека од ваквата одлука ќе има многу засегнати и загрижени поради нивното сомнително работење, огромните сомнежи за криминал, како и фалсификување на записници, но правдата мора да профункционира.

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВО УЧИЛИШТЕТО ВО ЧЕЛОПЕК

Директорот на Државниот просветен инспекторат, Шабан Алајбегу, денеска информираше дека че се изврши вонреден надзор во основното училиште „7 Март“ во тетовско Челопек.

Ќе се утврдува одговорност за организирањето училишна приредба во која учествуваат ученици облечени во воени униформи со амблеми на УЧК и со пушки во рацете.

За настанот вчера реагираше и министерката за образование и наука Весна Јаневска која која на Фејсбук напиша дека е „длабоко разочарана и вознемирена“ од одлуката на раководството и наставниците во ОУ „7 Март“ во Челопек да ја организираат приредбата, но и од одобрувањето на родителите на учениците „кои ракоплескаа на сето тоа“.

НЕМА ДА ИМА „СТРУЕН ШОК“ ОД ЈАНУАРИ

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика,Марко Бислимовски, денес соопшти дека значително се намалува цената во делот од сметките за електрична енергија кај домаќинствата за дистрибуција.

Електродистрибуција,компанијата на ЕВН задолжена за мрежното покривање, оствари големи добивки изминатиот период. Сега РКЕ ја намалува цената на оваа услуга за да не дојде до ценовен шк од 1 јануари 2025 кога ЕВН Хоме,како универзален снабдувач, ќе ја соопшти својата цена. Веќе е соопштено дека АД ЕСМ ќе му ја продава струјата на ЕВН Хоме поскапена од 60 на 62 евра по мегаватчас, но и прашање е колкав дел од потребните количини ќе може да задоволи.

ФИСКАЛЕН СОВЕТ ПРЕДЛАГА ПОКАЧУВАЊЕ НА СТАРОСНАТА ГРАНИЦА ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ НА 67 ГОДИНИ

Фискалниот совет, државна институција чиј основач е Собранието, по однос на Фискалната стратегија (2025-2029) до законодавниот дом достави мислење со кое бара во 2026 година да се зголеми старосната граница за одење во пензија. За стратегијата што ја усвои владејачкото мнозинство стои препорака, старосната граница за остварување на право за пензија на мажи и жени да се помести на 67 години. 

Засега единствено на ова реагира Левица,од каде велат дека доколку власта посегне по ваква пензиска политика, неминовно од македонските работници ќе создаде слуги и го повикуваат Фискалниот совет да го преиспита своето мислење.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Двете јавно-приватни партнерства кои ЕСМ ги склучи пред три и пол години за изградба на две големи фотоцентрали со вкупна моќност од 100 мегавати се во функција, но 100-тина вработени од РЕК Осломеј, како што беше договорено уште во јуни 2021, уште не се преземени од инвеститорите - турскиот „Фортис Енержи“ и бугарскиот „Солар Про“.

Наградата за претседател на Надзорен одбор, кој не е вработен во банкарската групација, изнесува дополнителни 3.750 евра, а годишна награда за надворешен член во некој од одборите за именување, наградување или ревизија е 7.500 евра


Можеби ќе ве интересира

ДОБРО ВИДЕТЕ КОЈ Е ПРЕД НЕКОМУ ДА ОТВОРИТЕ ВРАТА - еве како напаѓал и крадел 26-годишен скопјанецџџ

ДОБРО ВИДЕТЕ КОЈ Е ПРЕД НЕКОМУ ДА ОТВОРИТЕ ВРАТА - еве како напаѓал и крадел 26-годишен скопјанецџџ

МНОГУ ТАЖНА ВЕСТ: Почина 17 годишното дете кое настрада од струен удар додека се снимало на вагон од цистерна

МНОГУ ТАЖНА ВЕСТ: Почина 17 годишното дете кое настрада од струен удар додека се снимало на вагон од цистерна

МВР ЗАСЕГА СО ДОЗИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КРИМИНАЛНАТА ГРУПА ШТО ПРОДАВАЛА ДРУГА - ќе се поднесе кривична пријава против 14 лица

МВР ЗАСЕГА СО ДОЗИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КРИМИНАЛНАТА ГРУПА ШТО ПРОДАВАЛА ДРУГА - ќе се поднесе кривична пријава против 14 лица

„ОВОЈ ПРАЗНИК ПОЧНА ДА СЕ СЛАВИ КАКО ДРЖАВЕН И НЕРАБОТЕН ВО ВРЕМЕ НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПРЕДВОДЕВ“ - се огласи Никола Груевски

„ОВОЈ ПРАЗНИК ПОЧНА ДА СЕ СЛАВИ КАКО ДРЖАВЕН И НЕРАБОТЕН ВО ВРЕМЕ НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПРЕДВОДЕВ“ - се огласи Никола Груевски

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите

МУ ГО ОГРАБИЛЕ АВТОМОБИЛОТ НА БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН ВО СКОПЈЕ - осомничени се двајца скопјани, еве што му било одземено

МУ ГО ОГРАБИЛЕ АВТОМОБИЛОТ НА БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН ВО СКОПЈЕ - осомничени се двајца скопјани, еве што му било одземено

ЕВЕ КАДЕ СЕ СЛИКАЛ ШТЕКЛИ ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕН - прошета многу локации, а не се ни обидуваше да се скрие од јавноста

ЕВЕ КАДЕ СЕ СЛИКАЛ ШТЕКЛИ ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕН - прошета многу локации, а не се ни обидуваше да се скрие од јавноста