02 Декември, 2024
0.0289

МУЦУНСКИ ВО БРИСЕЛ: Добрососедството не е еднострана обврска, туку процес што бара почит

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Maкедонскиот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски во Брисел изјави дека добрососедството не е еднострана обврска, туку процес што бара почит и заедничка одговорност. 

Тој изјави дека за земјата е клучно да продолжи да напредува кон полноправно членство во Европската Унија(ЕУ), следејќи предвидлива пристапна траекторија, заснована на јасно утврдените пристапни критериуми и принципот на сопствени заслуги. 

Министерот нагласи дека членството во ЕУ не е само политичка амбиција, туку суштински трансформативен процес што ги става граѓаните во центарот. Тој ја истакна посветеноста на Владата кон спроведување на клучни реформи, особено во областа на владеењето на правото, правосудството, јавната администрација и економското управување.

Муцунски потсети дека државата е целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ – стратегиски избор и врвен приоритет што ја демонстрира нашата посветеност на принципите и вредностите што ги застапува Унијата. Истакнувајќи ја потребата од носење одлуки што ќе постават основа за идното проширување на Унијата, тој ги и повика европратениците да продолжат проактивно да ја поддржуваат политиката на проширување, особено сега кога Европската Унија влегува во нов петгодишен институционален и легислативен циклус, кој ќе има значително влијание врз иднината на проширувањето.

Министерот додаде дека земјава е пример за почитување и заштита на правата на малцинствата, што повеќепати е потврдено од Советот на Европа и Европскиот суд за човекови права.

Бугарија бара Македонија да ги внесе Бугарите во Уставот за да не го блокираат европскиот пат на земјата. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Запален дуќан и возила во Куманово, едното било на Џелал Бајрами

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Запален дуќан и возила во Куманово, едното било на Џелал Бајрами

ПУКАЊЕ ВО ЧАИР: Повеќемина се ранети

ПУКАЊЕ ВО ЧАИР: Повеќемина се ранети

ВЛАДА ЗА ОСТАВКАТА НА ДАМЕВА: Toa e eдинствената исправна одлука

ВЛАДА ЗА ОСТАВКАТА НА ДАМЕВА: Toa e eдинствената исправна одлука

АЕРОЗАГАДУВАЊЕ: Во кои градови вечерва најтешко се дише?

АЕРОЗАГАДУВАЊЕ: Во кои градови вечерва најтешко се дише?

ЦУК ПОТВРДИ ДЕКА Е ИСПРАТЕНО СПЕЦИЈАЛНО ВОЗИЛО: Конвој од 25 возила со мали деца и трудници уште е заглавен на патото од Леуново кон Бунец

ЦУК ПОТВРДИ ДЕКА Е ИСПРАТЕНО СПЕЦИЈАЛНО ВОЗИЛО: Конвој од 25 возила со мали деца и трудници уште е заглавен на патото од Леуново кон Бунец

НА ЧЕКОР ДО ПРЕДВРЕМЕНО ВРАЌАЊЕ ДОМА: Ова може да се случи со неколку амбасадори

НА ЧЕКОР ДО ПРЕДВРЕМЕНО ВРАЌАЊЕ ДОМА: Ова може да се случи со неколку амбасадори

Вонреден инспекциски надзор во основното училиште во Челопек

Вонреден инспекциски надзор во основното училиште во Челопек

ДУИ СО РЕАКЦИЈА ЗА ОСТАВКАТА НА ДАМЕВА: „Драматичен момент“

ДУИ СО РЕАКЦИЈА ЗА ОСТАВКАТА НА ДАМЕВА: „Драматичен момент“

„НИШТО НЕ ОСТАНА ОД ВОЗИЛОТО“: обвинителот Бајрами за палењето на неговиот автомобил „се надевам брзо ќе се најде сторителот“

„НИШТО НЕ ОСТАНА ОД ВОЗИЛОТО“: обвинителот Бајрами за палењето на неговиот автомобил „се надевам брзо ќе се најде сторителот“