ФАКТОР24: Поразителни бројки-Од Македонија си заминале цели семејства кои се добро ситуирани дома
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2017
Во вечерашната емисија на политичко економскиот магазин Фактор24 ќе можете да ја проследите емисијата посветена на најгорливиот проблем со кој се соочува Македонија во последните години-иселувањето.
Поразителнен е фактот што Македонија ја напуштаат и цели семејства кои се релативно добро ситуирани дома, а сепак одлучуваат да ја напуштат земјата. Вработувањата по партиски клуч, безперспективноста, обезвреднетиот труд, се дел од причините поради кои Македонија се соочува со се поголем егзодус.
Како трендот на перманентно иселување ќе се одрази врз стопанството, пазарот на трудот и демографската слика на земјата, тема во Фактор 24 во која говорат Антони Пешев, Стопанска комора на Македонија, Универзитетските професори Предраг Трпевски и Шенаји Хаџимустафа, Благица Петрески, директор на „Финансе тинк“. Во Магазинот и интервју со еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Змејковски.
Гледајте не секоја среда од 22.30 часот на ТВ24, а секој ден нашите анализи, интервјуа и новости читајте ги на нашиот веб портал Фактор.мк.
Емисијата Фактор24 е проект на тимот на Фактор.мк и новинарот Горазд Чомовски.