Фактура од „Комитска вечер“ стигнала на адреса на јавно претпријатие
Објавено во: Македонија 09 Мај, 2018 10:39
Директорот на ЈП “Пазари” во Битола, Александар Касапов, поставен од новата локална самоуправа ги објави спорните фактури и нема намера да ги исплати. Фактура за извршени угостителски услуги во износ од 8750 денари, на која е запишано дека била за „Комитска забава“ пред десет месеци, деновиве стасала на адреса на ЈП „ Пазари“-Битола .
На фатурата стои дека услугите се дадени на 21 јули 2017 година во еден од рестораните во Битола, а доаѓа за наплата после речиси десет месеци.
До пред Нова година директор на ЈП „Пазари“ беше Сашо Стаматов, кадар на ВМРО ДПМНЕ, сега фактурата дојде за наплата кај новото раководство на „Пазари“ .
Медиумите веќе објавија дека инспектори од СВР Битола, по налог на Основното јавно обвинителство минатиот месец влегле во ЈП „Пазари“ – Битола на лице место да извршат увид во финансиската состојба на претпријатието за последните две години.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




