18 Декември, 2025
0.0414

„Фатмир Дехари сексуално се изживувал со жени - вработени во општината“, обвини ВМРО-ДПМНЕ - Реагираше и Вреди

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2025 13:00

Добивај вести на Viber

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира откако во медиумите излегоа аудио снимки од кои наводно се слуша како грдоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари малтретира вработени.

„Во медиумите излегоа аудио снимки од кои се слуша како Фатмир Дехари наместо да биде градоначалник и да ја користи општина Кичево за добробит на граѓаните, тој сексуално ги малтретира и се изживува врз вработените. Овие снимки се скандалозни, а односот на Дехари на нив понижувачки за секоја жена. Ова не е само навреда кон жените во општина Кичево, туку и кон сите жени во Македонија – без разлика дали се Албанки, Македонки, Турчинки, Влаинки или од која било друга заедница. Ова е срам за целиот наш мултиетнички мозаик, за секое семејство што воспитува ќерки со почит, труд и достоинство“, вели Емилија Ангелова од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа вели дека тоа мора да биде осудено од сите. 

„Ваквото однесување не е дел ниту од една култура, ниту од верата, ниту од традицијата. Тоа е срам и мора да биде осудено од сите: и Албанци и Македонци и секој чесен граѓанин на Кичево, односно на Македонија. Од аудио снимките се слуша како жените вработени во општина Кичево се принудувани да го бакнуваат градоначалникот Дехари, и со големо гадење да кажат дека му седнуваат в скут. Ова е скандал, и изживување врз цел еден колектив и сите жени. Зарем до тој степен е падната ДУИ, да за вакви луѓе води кампања за повторен мандат? Дали традицијата и почитта кон жената за ДУИ се небитни? Која е пораката до сите жени и до семејствата? Дехари малку од повеќе се има заиграно со политиката и со градоначалничката позиција, но тоа не значи дека ова треба да се премолчи и да се толерира. Кичево и кичевчани не заслужуваат ваков третман на албанките или генерално – ниту една жена не смее вака да биде третирана на работното место. Дехари мора да си поднесе неотповиклива оставка и да се повлече од политиката. Истовремено прашуваме:

  1. Дали жените од ДУИ ќе реагираат на ова?
  2. Дали дискриминаторска комисија ќе отвори случај за ваквиот полов дискриминирачки однос?
  3. Дали Али Ахмети ќе го толерира својот миленик кој се изживува со жените вработени во општината?

Ова не смее да помине без широка општествена осуда. Ова не е 18 и 19 век, жените не се робинки или сопственост нечија, тие се нечии мајки, ќерки, жени, деца. Ниту тие, ниту нивните семејства го заслужуваат ова. Ги повикуваме сите партии да реагираат, сите институции, здруженија за заштита на жените, но пред сè ЈО за организиран криминал, најблискиот другар на Ахмети да даде став“, рече Ангелова.

Со став се нави и Вреди.

„ВЛЕН со загриженост го следи најновиот скандал што кружи на социјалните мрежи и кој го потресе јавноста и во Кичево и пошироко, каде што кандидатот на Националната алијанса за интеграција се гледа во ситуации што го деградираат имиџот на институцијата и јавниот морал. Ова е само одраз на политичката култура која 20 години ја задушува одговорноста и го крева срамот на стандард. Не се радуваме на ничиј срам, но имаме обврска јасно да кажеме дека Кичево заслужува подобро. Затоа граѓаните на Кичево, на 19 октомври, имаат можност да зборуваат со еден глас против овој деградиран модел“, велат од коалицијата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери