Фатмир Етеми: Ако нема дозволи, ќе поскапуваат становите
Објавено во: Економија 06 Април, 2019
Фатмир Етеми, градежниот изведувач, за Алсат ТВ изјави дека становите во Скопје поскапеле по 50 евра од метар квадратен за една година затоа што надлежните повеќекратно го намалиле бројот на издадени градежни дозволи во однос на години наназад.
Претприемачот кој зад себе им неколку големи станбени објекти во Скопје вели дека се соочуваат со процедурални проблеми со добивање градежни дозволи. Според него, ова е главната причина за зголемувањето на цените, бидејќи со помалку изградени не може да се задоволи постојаната побарувачка.
„Точно е дека цената на становите е зголемена, бидејќи неодамна издавањето на градежни дозволи значително се намали. Ако ги споредиме 2013-14 година, во Скопје се градеа приближно по 100 згради, а сега за една година се предвидени околу 10 одобренија за градење.Понудата за домување е многу мала, додека побарувачката е постојана. Затоа, цените за домување се зголемија ", рече Етеми.