ДУРИ 200 КОМПАНИИ ПОТПИШАА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ СКРАТЕНИ РАБОТНИ НЕДЕЛИ: Ова би важело за сите вработени, а 30 фирми веќе работат само 4 дена во неделата
Објавено во: Економија 28 Јануари, 2025
Двесте британски компании потпишаа иницијатива за воведување четиридневна работна недела за сите вработени, без намалување на нивните плати, објавија денеска британските медиуми.
Поддржувачите на оваа мерка истакнуваат дека петдневната работна недела е воведена пред 100 години во претходната економска ера и дека таа повеќе не служи за цел, пренесува Гардијан.
„Луѓето би имале 50 отсто повеќе слободно време и можност да водат посреќен и поисполнет живот“, вели Џо Рајл од фондацијата која се залага за четиридневна работна недела.
Досега 30 компании веќе воведоа четиридневна работна недела, предводена од маркетинг и медиумски агенции.
Нивниот пример го следеа 29 други организации од секторите за хуманитарна и социјална заштита и невладини организации, како и 22 компании од секторот бизнис, ИТ и софтверска технологија кои на своите вработени им понудија четиридневна работна недела.
Курир.рс