17 Декември, 2025
0.0674

Филип Морис го чешла работењето на Тутунскиот комбинат во Прилеп, планови до година

Објавено во: Економија 14 Септември, 2013 10:02

Добивај вести на Viber

Се подобруваат состојбите во тутунскиот комбинат во Прилеп по најавата за стратегиско партнерство со светски познатиот производител на цигари „Филип Морис“. Ова е ставот на генералниот директор на комбинатот, Александар Дерменџиев кој вчера му го соопшти на прилепскиот градоначалник, Марјан Ристевски. Според Дерменџиев, технолози, инженери и правници на „Филип Морис“ ги разгледуваат состојбите со прилепскиот загубар, по што ќе биде направен финансискииот, технолошкиот и правниот плаn. И покрај најавите за  стратегиското партнерство со Филис Морис во Прилеп, во тајност се чувааат аспектите на договорот кој треба да се реализира на почетокот на идната година. „Со стратегиското партнерство со „Филип Морис“ се движиме кон крајно решавање на состојбите. Договорот ќе помогне до 2015 година комбинатот да дојде до позитивна нула. Инаку, годинава ќе ја завршиме со проектираните загуби“, рече Дерменџиев. Според Дерменџиев, комбинатот подготвен за раниот откуп на тутун во кутии од први октомври,а  започнало и делењето картонска амбалажа. „Комбинатот има пари да го исплати целиот планиран род од 3.000 тони тутун“, тврди директорот на комбинатот. Тутунскиот комбинат e  државна фирма, вработува над 1.000 лица, а се очекува и оваа година да ја заврши со загуба.

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди