Филипче: Ако значајно се зголеми бројот на новозаразени веројатно ќе треба воведување дополнителни рестриктивни мерки
Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2021 13:19
Ако се зголемува
бројот на новозаразени со Ковид-19 во Македонија, особено ако сè повеќе се шири
т.н. британски сој на вирусот, министерот за здравство, Венко Филипче не ја исклучува можноста за нови рестриктивни
мерки. Сепак, во изјава за ТВ 24, тој потенцира дека во моментов нема потреба
од зајакнување на мерките.
-Разговарав со претставници од британската амбасада кај нас, ја следиме ситуацијата, постојат две опции, или силниот бран се должи на мутацијата на вирусот, што значи дека ако значајно се зголеми бројот на случаи веројатно ќе треба воведување дополнителни рестриктивни мерки или едноставно станува збор за природен тек на епидемијата во тие земји, не само како резултат на мутацијата на вирусот. Засега, со овој процент на детекција на мутацијата на вирусот, нема потреба да се воведуваат нови рестриктивни мерки, но будно ја следиме ситуацијата и гледаме како ќе биде, истакна министерот Филипче.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




