16 Декември, 2025
0.0449

Филипче: Извесен процент од заболените кажуваат дека не знаат од каде се заразиле

Објавено во: Македонија 06 Септември, 2020 13:19

Добивај вести на Viber

Училишта со мал број на класови и ученици може да побараат дозвола да вршат настава во живо и за одделенијата над трето, но, ако, на пример училиште во Скопје аплицира за таква дозвола, ние нема да го дозволиме тоа, вели министерот за здравство, Венко Филипче, во неделното интервју на РСЕ.

Според него се уште има настани кластери на зараза.

„Се уште има такви настани и се уште има мини кластери што се јавуваат од настани на кои луѓето не ги почитуваат превентивните мерки. Повторно се собираат, еве ги гледаме младите луѓе во угостителските објекти, на јавните површини, повторно семејни забавни, но има и еден процент од заболените кои кажуваат дека не знаат каде се заразиле“, вели Филипче.

За министерот за здравство, граѓаните не се придржуваат до превентивните мерки.

Обично епидемиолозите укажуваат на две сценарија или луѓето не сакаат да ги кажат информациите, се случува после во текот на денот, после иницијалното интервју и прашалник да се јават и кажат дополнителни информации или навистина не знаат. Но нешто што е правило, апсолутно во секој случај не се придржуваат до превентивните мерки, потенцира Филипче.

Филипче признава дека многу од превдидувањата за вируост не се остварија, поткрепено со фактот дека август беше месец на многу групирања, но сепак речиси цел месец опаѓа бројот на заболени од коронавирус во земјава.

„Многу од очекувањата и предвидувањата за овој вирус не се остварија, не само кај нас, туку насекаде во светот. Очигледно дека имаме работа со вирус за кој се уште не знаеме сè. Може да дадам наше толкување, објаснување што е претпоставка зошто се случува тоа е дека сепак луѓето се повеќе надвор и контактите дури и таму кадешто има прекршување на превентивните мерки се случуваат во надворешна средина каде можноста да се трансверира вирусот е помала во однос на тоа кога луѓето се во затворена средина и оттука се нашите стравувања за есенските месеци кога сметаме дека таква поголема концентрација на луѓе во затворена просторија може да ја влоши епидемиолошката слика“, објаснува Филипче.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење