16 Декември, 2025
0.0729

Филипче го одржа ветувањето: Милош кој со магаре оди на школо или пешачи по три часа е со добро здравје

Објавено во: Македонија 11 Март, 2019 12:47

Добивај вести на Viber

Малиот Милош е во стабилна здравствена состојба а резултатите од електрокардиографијата и ехокардиографијата се во граница на нормала и тој е добар.

Ова го соопшти министерот Венко Филипче на социјалните мрежи каде преку неколку фотографии докажа дека го исполни даденото ветување.

„Се договоривме за една година повторно да дојде на преглед. Милош ќе расте во здраво дете и ќе биде наш иден спортист“, пишува министерот Филипче.



Овие денови се одвиваше и вистинска хумана мисија. Граѓаните самоиницијативно се организираа и му приредија вистинско изненадување.


Сторијата за девет годишниот Милош ја објави ТВ24. 

На триесетина километри од Скопје, а отсечени од светот. Во домот на семејството Трајановски времето како да застанало пред половина век. Пред дваесет и две години во оваа куќа мајка му сама го родила неговиот брат. Милош пак, роден со болно срце, веднаш го однеле на операција во Бугарија. Од тогаш досега, девет години не направил никаков преглед, бидејќи и за тоа требаат пари.

Надлежните тврдат овие луѓе не се заборавени, иако социјалните служби не го најдоа ова семејство во нивниот систем.



*Фотографиите се одобрени од родител


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење