28 Октомври, 2024
0.0346

ФИЛКОВ: Време е за освежување во Комисијата за помилување

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Според министерот за правда, Игор Филков, време е за освежување во Комисијата за помилување. 

Вели дека последното намалување на казните за осудени лица станало предмет на политички игри и препукувања, иако, помилувањата, како што додаде, се важна работа за државата. Рече дека веќе осудените треба да се упатат на ресоцијализација. Филков потсетува дека само претседателот на државата има право да побара поништување на помилувањата.

„Не можам јас да побарам, има таму член 11 кој што е многу јасен и кој кажува кој што може да прави. Она што јас како министер за правда го сметам е дека можеби е време да дојде до одредено освежување во комисијата“, изјави Филков. 

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова синоќа ги повика на средба членовите на Комисијата. Појасниле дека пред себе немале документи кои укажувале дека лицата како Акиф Равманоски се поврзуваат со нови кривични дела. Во комисијата веќе размислувале како да се подобри процесот и спречат евентуалните пропусти кај помилувањата.

Наведеното лице беше помилувано, но полицијата го уапси за инцидент во Чаир. 

Сиљановска-Давкова помилува десет осуденици, меѓу нив се најде и името на поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески, а големо внимание предизвика и Шенол Маслани од Арачиново, за кој медиумите објавуваат дека е брат на Шенки Версаче.

Можеби ќе ве интересира

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков

„ЗАКАНА ЗА МИРОТ, СТАБИЛНОСТА, МЕЃУЕТНИЧКАТА ХАРМОНИЈА И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Амети со писма лидерите во соседството и светот

„ЗАКАНА ЗА МИРОТ, СТАБИЛНОСТА, МЕЃУЕТНИЧКАТА ХАРМОНИЈА И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Амети со писма лидерите во соседството и светот

„ИЗЕТ МЕЏИТИ ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВА ВЛАДИНИТЕ КАНЦЕЛАРИИ ЗА ПАРТИСКИ СОСТАНОЦИ“: Алијанса на Албанците бара реакција од ДКСК

„ИЗЕТ МЕЏИТИ ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВА ВЛАДИНИТЕ КАНЦЕЛАРИИ ЗА ПАРТИСКИ СОСТАНОЦИ“: Алијанса на Албанците бара реакција од ДКСК

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ СО ПРЕКРАСНА ВЕСТ - по трет пат татко

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ СО ПРЕКРАСНА ВЕСТ - по трет пат татко

„ПРИТИСОКОТ ОД ОВИЕ КОДОШКО-УДБАШКИ ИНСТАЛАЦИИ ДОПОЛНИТЕЛНО МЕ МОТИВИРА“: премиерот во одбрана на директорот на АНБ

„ПРИТИСОКОТ ОД ОВИЕ КОДОШКО-УДБАШКИ ИНСТАЛАЦИИ ДОПОЛНИТЕЛНО МЕ МОТИВИРА“: премиерот во одбрана на директорот на АНБ