27 Септември, 2024
0.0343

ФИНАЛЕН УДАР ВРЗ НАШЕ СКОПЈЕ: Барок и за МОБ и Универзитетска библиотека!

Објавено во: Македонија 05 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Не стивнуваат реакциите од архитектите по објавувањето на „Одлуката за утврдување на градби од посебен интерес“, која практично значи спроведување на владината идеја за нова барокна фасада за Градскиот трговски центар во Скопје. Но освен овој објект, со одлуката се опфатени и “Националната универзитетска библиотека  „Св.  Климент Охридски“ и Македонската опера и балет. Дел од архитектите велат дека со оваа одлука значи се отстранува и последната пречка за барокизацијата на овие објекти кои се во Општина Центар.Односно, со статусот „објекти од посебен интерес“, за овие објекти Општината нема никакви ингеренции, а плановите за нив ги прави државната Агенција за планирање на просторот, документацијата ја подготвува Министерството за транспорт и врски, а одобренијата за градење наместо место Општината и Градот, ги издава Град Скопје. Од Асоцијацијата на архитекти велат дека со ваквата одлука власта систематски работи на отстранување на сите легални препреки за реализација на истата. Со симнување на заштитата на некои објекти прогласени за  културно наследство, измена на закони и можноста некои објекти да бидат прогласени за “градби од посебна важност”,  се отвори можност за заобиколување на нормалната процедура за добивање на дозвола за градба, вели за Фактор Ана Радоњиќ, член на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. „Ставот на ААМ по ова прашање е дециден. Ние остро се спротивставуваме на ГТЦ да му биде сменет автентичниот изглед и функционалното решение. Истото се однесува и за останатите објекти опфатени со последните одлуки. Овој став јасно сме го искажале изминативе неколку години и сме превзеле голем број на активности и како стручно здружение, а и во соработка со граѓанската иницијатива “Го сакам ГТЦ“. Не сме изненедени од последните случувања. Со самата идеја ГТЦ и некои други објекти да бидат вклучени во проектот „Скопје 2014“ и реакциите во стручната и останатиот дел од јавноста, власта систематски работи на отстранување на сите легални препреки за реализација на истата. Со симнување на заштитата на некој објекти прогласени за  културно наследство, измена на закони и можноста некој објекти да бидат прогласени за “градби од посебна важност”,  се отвори можност за заобиколување на нормалната процедура за добивање на дозвола за градба. Оттука одлуката ГТЦ (со уште неколку објекти) сега и дефакто да биде прогласен за градба од посебна важност, е на некој начин очекувана ако се следат потезите кои ги влече власта по ова прашање.Тајмингот исто така сметаме дека не е случајно одбран, во време на летните одмори, за да се протурка намерата со што помал одек и реакции во јавноста, вели  Ана Радоњиќ, член на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Од ААМ посочуваат дека ги следат состојбите поврзани со реконструкцијата на ГТЦ и планираат и во иднина да ги преземат сите легални средства кои имсе на располагање како и разни граѓански активности. Од Граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“, велат дека досега на секаков можен начин да го заштитат  ГТЦ, но дека со инаетот на Владата не можат да се натпреваруваат. Ги повикуваат граѓаните утре да се приклучат на протестот на Шарената револуција на кој повторно ќе испратат пораки за спас на ГТЦ. „Го гушкавме, го браневме, му пеевме песни, едукативни прошетки, издававме книги, обединивме стручна и општа јавност за негово зачувување. Што е најважно, минатата година организиравме референдум каде ГТЦ доби повеќе гласови од било кој политичар или партија претходно. Сепак, со инаетот на владата не може да се натпреваруваме. Во услови кога Триумфалната порта се смета за културно наследство, а се притвораат активисти што ја шараат, како треба да реагираме на очигледноста на изиграните закони? Како системското уништување на еден град не е поголем вандализам од фрлањето боја? Оваа влада е целосно исклучена од реалноста. Дента кога ЕУ ги блокираше ИПА фондовите и блокираше големи инфраструктурни проекти како автопатот кај Демир Капија и пругата кон Бугарија, тие и ги одземаа надлежностите на општина Центар за да потрошат нови десетици милиони евра на уништување на културно наследство. Со оваа Влада нема разбирање, а „Скопје 2014“ може да се спречи само ако владата падне. Затоа, ги повикуваме сите наши поддржувачи да се приклучат на протестот во среда на Шарената Револуција. Покрај правда и слобода, од улица да се избориме и за нашиот ГТЦ!“, велат од  Граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“, Од од  Граѓанската иницијатива „Го сакам“, веќе ја разгледуваат и можноста за обжалување на одлуката на Уставен суд, а најавија и дека повторно ќе побраат мораториум за проектот „Скопје 2014“. Асоцијацијата на архитекти и Граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“ поддржани од голем број граѓани, изминативе години преку протести,  кампања со различни настани, видео спотови, симболично гушкање на ГТЦ, се обидоа да покажат и докажат зошто не треба да се менува ликот на овој објект, но власта остана глува на укажувањата на експертската јавност. И покрај сите укажувања проектот се туркаше. Се изработи физибилити студијата сега треба да се одбере фирма која што ќе ја спроведе реконструкцијата и надградбата. Според идејното решение на Жарко Чаушевски и Филип Богатинов фасадата ќе биде во  неокласицистички стил со десетици антички столбови, а на кровот ќе има голема тераса со неколку скулптури и куполи, украси со бронзени или елементи со златно-жолта боја.Дополнително е предвидено и целосно затворање на трговскиот по принципот на моловите, но и надградба на објектот со уште еден спрат.Сегашниот објект е изграден според идејното решение на професорот Живко Поповски, кој на конкурсот во 1967 година  добил награда токму за ГТЦ. Т.С

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања