19 Декември, 2025
0.0373

ФИСКАЛНА ВО РАКА, КОЛА БЕЗ МАКА: Пензионерка од Неготино доби Пежо 208!

Објавено во: Мои пари 28 Април, 2014 21:51

Добивај вести на Viber

На Македонската радио телевизија, вечерва 28.04.14 од 20часот, се одржа 5тото извлекување на наградната игра Фискална во рака –награда без мака. Во ова 5то коло беа извлечени добитниците на еден автомобил Пежо 208, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари. Добитничката на автомобил е пензионерката Милица Поповска од Неготино. Официјалните резултути од извлекувањето, комплетниот список на добитници ќе биде објавен во дневниот весник Вечер во изданието од среда 30.04.14 кое е празничен троброј, потоа на страната www.tvkoha.tv , како и на официјалната страна на Државна лотарија на Mакедонија  www.loto.mk. Во извлекувањето за ова 5то по ред коло, учествуваа сите испратени коверти со сметки кои се валидни од најран датум 15.11. 2013та година. Неизвлечените коверти од ова коло како и од второто, третото,четвртото, а понатаму и од  шестото, се чуваат од страна на Државна лотарија на Македонија како организатор на наградната игра и ќе учествуваат во 7мото коло за извлекување на стан и деловен простор. Само за потсетување, за учество во наградната игра треба да се испратат 20 фискални сметки со најран датум од 15.11. 2013та, во стандарден бел коверт во кој покрај фискалните сметки треба да има посебен лист на кој ќе бидат наведени податоците на испраќачот: име, презиме, адреса и контакт телефон. Ковертот кој независно дали ќе се остави во кутија на некој пунктовите, или ќе се прати по пошта мора да биде адресиран и на него не треба да биде напишано ништо друго освен адресата на организаторот и намената – за наградна игра: ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА БУЛ. "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" БР. 8 1000 СКОПЈЕ ЗА НАГРАДНА ИГРА ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА Следното, 6то по ред извлекување на наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА   ќе се одржи на 26.05. 14 . Во ова извлекување ќе се доделува еден  автомобил Wolksvagen Polo, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари.

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза