17 Декември, 2025
0.0996

АНКЕТА ФОКУС: Скоро 60 % од македонските граѓани не веруваат во инвестициите на Субрата Рој!

Објавено во: Економија 14 Септември, 2013 08:19

Добивај вести на Viber

Контроверзите околу индискиот милијардер Субрата Рој во Македонија продолжуваат. Последната анкета што за ФОКУС ја спроведе агенцијата Рејтинг покажуваат дека македонските граѓани со недоверба и без симпатии гледаат на овој најавен инвеститор. Рој во Македонија најави серија инвестиции од кои клучни се две: во Охрид, Љубаниште каде треба да се гради грандиозен хотелски комплекс, и во Џумајлија, земјоделски комбинат, кој според најавите ќе биде еден од најголемите на балканот. Но, резултатите од анкетата не се охрабрувачки, ниту за Рој, ниту за неговите промотери. Какво е вашето мислење за индискиот милијардер Субрата Рој кој најавува големи инвестиции во Македонија?     Поголем број од граѓаните на Македонија, од она што го слушнале до сега за Субрата Рој, не формирале позитивно мислење за него. Бројот на оние што имаат целосно негативно мислење за него е речиси три пати поголем од бројот на оние што имаат целосно позитивно мислење за него. Сумирано, 38,7 отсто од испитаниците имаат целосно или главно позитивно мислење за индискиот милијардер додека 51 отсто рекле дека имаат целосно или главно негативно мислење. Дали верувате дека ветените инвестиции на Субрата Рој во Охрид и Џумајлија ќе се реализираат? Огромни 58, 5 % од испитаниците не веруваат дека проектите на Рој ќе се остварат. 32, 5 отсто главно или целосно веруваат во ветувањата. Само 6 отсто од граѓаните целосно веруваат во тоа дека најавените инвестиции на Субрата Рој ќе се остварат, а дури 41 отсто воопшто не веруваат во тоа. Бројот на оние што воопшто не веруваат во неговите инвестиции во однос на оние што целосно веруваат е шест и пол пати поголем. Кај овие прашања Македонците и Албанците имаат идентични мислења. Во анкетата на ФОКУС  се опфатени и серија политички прашања, во врска со евентуалната промена на името на државата, за настаните од 24 декември, лустрацијата, како и за апсењето на новинарот Томислав Кежаровски.  

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди