29 Јуни, 2024
0.0284

ФОКУС НА ДЕНОТ: Груевски во преписка со власта, Заев се сретна со Борисов и Брнабиќ

Објавено во: Македонија 05 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Поранешниот премиер кој во моментов ужива бегалски статус во Унгарија преку социјалните мрежи им фаќа сеир на актуелните функционери.

Тој преку статус на социјалната мрежа Фејсбук прашува како е новиот автопат Скопје-Штип притоа нарекувајќи ги функционерите на власт јога мајстори.

Груевски истакнува дека се радува , како што наведува што оваа “главна артерија” за источна Македонија се заврши. 

-Требаше да е готов до крајот на 2017 година, ама што од неспособност и неработење на актуелните функционери, се еден до еден “јога мајстори”, што од желба да направат перцепција дека над две години нешто божем многу работеле овие експертиве за држење говори на промоции на туѓи проекти и кај нас во земјата и низ соседните држави, го “влечкаа” завршувањето на автопатот до скоро. За да можат и тие нешто да прослават- пишува Груевски.

СДСМ не додржа и возврати со реакција на коментарот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој е пребеган во Будимпешта, кој порачи да „се чува автопатот Миладиновци - Штип до неговото враќање“.

„Се јави криминалецот во бегство Никола Груевски кој го украде половина автопат Миладиновци – Штип, бидејќи додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт автопатот не беше завршен ниту 50 отсто.Единствениот успех на осудениот криминалец Груевски во инфраструктурата се милиониските провизии што ги договараа со неговата десна рака Миле Јанакиески“, гласи реакцијата на владеачката партија.

Од таму доддаваат дека поради, како што велат од таму, бројните пропусти на претходната власт, граѓаните ќе плаќаат стотици милиони евра за автопатот и да не се грижи за патиштата бидејќи „единствениот пат по кој ќе оди кога ќе се врати во Македонија е патот до неговото столче во ќелија“.

Граѓаните двојно помалку ќе чекаат на граничниот премин Табановце. 

Премиерот Зоран Заев и неговата српска колешка, Ана Брнабиќ, денеска имаа средба на маргините на Самитот за Западен Балкан што се одржа во Познањ, Полска и разговараа за забрзување на динамиката на финализирање на работите на One Stop Shop пунктот на граничниот премин Табановце. 

За оваа цел ќе биде наменет и дел од грантот во висина од 2,8 милиони евра, од вкупните 42,7 милиони евра што нашата земја ги доби на Самитот во Познањ во рамките на Берлинскиот процес, кој претставува платформа за европски дијалог и соработка, која дава поддршка на политиката на проширување на ЕУ на земјите од регионот.

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов денеска ја искоментира изјавата која ја даде македонскиот претседател, Стево Пендаровски за ликот и делото на револуционерот Гоце Делчев. 

„Задоволни сме што вистината за нашата заедничка историја, вклучувајќи ја и за Гоце Делчев, почнува да се кажува јавно од политичари на највисоко ниво во Македонија, каков што е случајот со претседателот Стево Пендаровски“, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов, пренесе бугарската новинска агенција „БГНЕС“.

Борисов и македонскиот колега, Зоран Заев разговараа за достигнувањата и предизвиците во билатералните односи со Бугарија.

Можеби ќе ве интересира

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ