(ФОТО) „Gresso“ – најтенкиот Андроид телефон на светот
Објавено во: Мои пари 07 Ноември, 2014
Минатата недела, произведувачот на луксузни мобилни телефони од Русија, „Gresso“ го претстави смартфонот кој го носи името „Radical“ ...
Претставен е со тело од титаниум и добри технички спецификации, но секако, во поглед на естетиката, имало место за подобрување. Сега, „Gresso“ го претставува новиот „Regal R1“ телефон, кој не само што има многу подобри опции од својот претходнил - тој има значајно подобрена и унапредена естетика.
Уште еднаш, овој паметен уред е направен од титаниум - за едно куќиште е потребно осум часа работа. Процесот кој се вика дирекционално полирање е користен при изработката на задниот панел. Овој процес трае три часа за да се достигне идеална текстура на металот, кој овој панел го прави полесен и во исто време поотпорен.
„Gresso“ логото се произведува два часа, пред да помине низ рачното полирање.
Покрај својот ексклузивен и лускузен изглед „Regal R1“ моделот има 1,5 GHz quad-core процесор, главна камера од 13 Mpx и предна камера од 5Mpx, 32 GB меморија и Android 4.2. Овој уред има дебелина од само 8,8 мм и всушност е најтенкиот луксузен смартфон на пазарот. Исто така, тој има и долготраен и отпорен 1080p Gorilla Glass екран од пет инчи.
Овој телефон е претставен како ограничено издание од само 999 парчиња и цената му е 3000 долари.