23 Јануари, 2025
0.0398

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Објавено во: Мои пари 23 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Samsung Electronics и Corning Incorporated (NYSE: GLW) денес објавија дека Galaxy S25 Ultra ќе биде опремен со Corning® Gorilla® Armor 2, првиот во индустријата отпорен на гребење, анти-рефлексен стаклено-керамички покривен материјал за мобилни уреди. Galaxy S25 Ultra на Samsung го истакнува ова револуционерно иновациско решение за своите предни екрани, означувајќи значаен напредок во технологијата на мобилни екран.

Gorilla Armor 2 е значајно достигнување во стаклено-керамичката технологија, комбинирајќи супериорна цврстина со одлична јасност на екранот на паметните телефони.

Изборот на Samsung да го вклучи Gorilla Armor 2 во своите уреди Galaxy S25 Ultra ја нагласува долготрајната соработка помеѓу Samsung и Corning и заедничката посветеност на двете компании за иновирање и задоволување на клиентите.


„Galaxy S25 Ultra претставува значаен напредок кон обезбедување на корисниците со најиздржливо мобилно искуство досега,“ изјави Квангџин Бе (Kwangjin Bae), извршен потпретседател и раководител на тимот за механичко  истражување и развој во Mobile eXperience Business при Samsung Electronics. „Нашето партнерство со Corning продолжува да ги поместува границите на перформансите на екраните, осигурувајќи дека ги исполнуваме променливите потреби на потрошувачите низ целиот свет.“

Во споредба со првата генерација на Corning® Gorilla® Armor, Gorilla Armor 2 нуди зголемена издржливост - уредите со Gorilla Armor 2 се уште поспособни да ја издржат грубата и непредвидлива природа на секојдневниот живот. Поточно, кога ќе падне на груби, проблематични површини, Gorilla Armor 2 е конструиран за подобро да се спротивстави на оштетувањата, како што е кршењето, поефикасно од кога било досега.

Анти-рефлексните својства на Gorilla Armor 2 драстично ги намалуваат површинските рефлексии во затворени простории и на отворено. Овие својства може да го подобрат односот на контрастот на екранот, овозможувајќи извонредно корисничко искуство во различни услови на осветлување.

Во лабораториските тестирања на Corning, Gorilla Armor 2 издржа падови од висина до 2,2 метри на површина која реплицира бетон. Алтернативните стаклено-керамички материјали се оштетувале при пад од само еден метар. Дополнително, Gorilla Armor 2 ја задржа својата исклучителна отпорност на гребење, демонстрирајќи над четири пати поголема отпорност на гребење од конкурентните литиум-алуминиосиликатни покривни стакла со анти-рефлексен слој[1].

„Samsung и Corning имаат долга историја на соработка за обезбедување на најнапредните и најиновативните технологии за потрошувачите,“ изјави Дејвид Веласкез (David Velasquez), потпретседател и генерален менаџер на Corning® Gorilla® Glass. „Со Gorilla Armor 2, на потрошувачите им нудиме неспоредливо корисничко искуство со првиот издржлив, оптички напреден стаклено-керамички покривен материјал кој бил користен на Galaxy уред досега.“

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.

За Corning Incorporated

Corning (www.corning.com) е еден од водечките светски иноватори во науката за материјали, со 170-годишна историја на иновации кои го менуваат животот. Corning ја применува својата ненадмината експертиза во науката за стакло, науката за керамика и оптичката физика, заедно со своите напредни производствени и инженерски способности, за да развие производи кои дефинираат категории, трансформираат индустрии и го подобруваат животот на луѓето. Успехот на Corning се должи на континуираните инвестиции во истражување, развој и инженеринг (RD&E), уникатната комбинација на иновации во материјали и процеси и длабоките, доверливи односи со клиенти кои се глобални лидери во своите индустрии. Способностите на Corning се разновидни и синергистички, што ѝ овозможува на компанијата да се прилагоди на променливите пазарни потреби, додека истовремено им помага на своите клиенти да ги искористат новите можности во динамичните индустрии. Денес, пазарите на Corning вклучуваат оптички комуникации, мобилна потрошувачка електроника, екрани, автомобилска индустрија, соларна енергија, полуспроводници и науките за животот.


[1]Тврдењата за перформансите за Corning® Gorilla® Armor 2 се засноваат на внатрешното лабораториско тестирање на Coring. Вистинските перформанси може да се разликуваат. 


*Пр објава


Можеби ќе ве интересира

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула