(ФОТО) iPhone 6: Водоотпорен, ќе има и NFC
Објавено во: Мои пари 26 Мај, 2014
Дали тоа е случајно, или намерно - за тоа би можеле да дискутираме, но едно е сигурно iPhone 6 ќе има дизајн сличен на iPod Touch музичкиот плеер, криви преден и заден дел, но и некои од функциите, кои до сега не сме ги виделе на Apple смартфоните.
До сега имавме прилика да ја видиме „играчката“ iPhone 6 уред, кој се поклопува со сликата горе, што би можело да потврди дека следниот Apple смартфон изгледа токму вака.
Она што успеавме да го дознаеме е дека iPhone 6 ќе ги има следниве спецификации:
- Екран 4.7 инчи, резолуција 1.704 x 960 пиксели
- Ќе биде водоотпорен
-Ќе има LTE и NFC поврзување
- Нема да има двотонски блиц, само една лед ламба
-Ќе биде тенок само 6.1 милиметар
-Камерата ќе има резолуција од осум мегапиксели, унапредена со оптика