(ФОТО) “Исламската држава” напредува кон античкиот град Палмира
Објавено во: Свет 16 Мај, 2015 19:20
Борците на "Исламска држава" (ИД) напредуваат кон античкиот град Палмира во централна Сирија, соопштија денеска активисти, цитирани од американските медиуми.
Според Сирискиот центар за набљудување на човековите права екстремистите заземале нафтено поле и водовод во околината на градот.
Групата соопшти дека веќе го држи под контрола островот Сакр на реката Еуфрат, северно од градот Деир аз Зур. Делови од истоимената провинција се под контрола на ИД, а останатите - на владините сили.
Со седиште во Лондон Сирискиот центар за човекови права тврди дека со новите терени, заземени по денови на борби, екстремистите го расчистуваат патот кон базата на ВВС во Деир аз Зур.
Борбите меѓу владината војска и ИД источно од Палмира почнаа во четвртокот.
Убиен е лидер на ИД задолжен за нафтени прашања на групата.
Американските специјални сили убија во источна Сирија висок претставник на Исламска држава и ја заробија неговата сопруга, соопшти АФП, цитирајќи го американскиот министер за одбрана Ештон Картер.
Убиениот Ауб Сајаф директно ги потпомагал воените операции на Исламската држава, како и сообраќајот на нафта. Цитирајќи Белата куќа, Ројтерс јави дека спецоперацијата по ликвидирањето на Абу Сајаф е извршена по наредба на претседателот Барак Обама.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави







