17 Декември, 2025
0.0463

(ФОТО) Јапонија гради „Голем морски ѕид“ за спас од цунами

Објавено во: Свет 22 Март, 2015 22:00

Добивај вести на Viber

Четири години после катастрофалнoто цунами кое збриша голем дел од североисточниот брег на Јапонија, земјата планира да изгради околу 400 километри морски ѕид, на висина од околу пет ката, со цел да се заштити од можни идни природни катастрофи.

Противниците на ѕидот, чија изградба ќе чини 820 милијарди јени (6,8 милијарди долари) сметаат дека огромната бетонска бариера ќе го загрози еко системот на морињата, но и видикот, ќе му пречи на риболовот од кој живее поголем дел од населението, а всушност многу малку ќе направи да се заштитат луѓето кои при цунами обично бегаат на повисоки надморски височини.

morski zid

Поддржувачите на ѕидот, пак, велат дека тоа е нужно зло, кое, исто така, ќе обезбеди нови работни места, барем за некое време. Во северното рибарско пристаниште Осаба, жителите се лути поради бетонската бариера висока 12,5 метри која им го блокира вашето погледот кон морето.

„Вистината е дека тоа личи на затворскиот ѕид“, рече лутиот Казутоши Мусаши (46), кој пред цунамито од 2011 година живеел на брегот, а потоа се преселил во внатрешноста.

morski zid1

Јавни работи за изградба на морските ѕидови, како што оценува агенцијата АП, се главна стратегија на владејачката Либерално-демократска партија и нејзините приврзаници во големите компании, а локалните функционери планираат да ги следат овие планови.

Парадоксот на слични проекти, сепак, според оценките на експертите е дека додека со нив може да биде намалена донекаде потенцијална штета, тие истовремено може да ги направат луѓето невнимателни, а тоа може да биде голем ризик долж брегот, кој е често мета на цунами, морски бури и други природни катастрофи. АП додава дека, сигурно некои од 18.500 луѓе кои загинале или исчезнале по земјотресот и цунамито од 2011 година никогаш не слушнале за предупредување и побегнале на време.

morski zid2

Цунеаки Игучи беше градоначалник на Ивануме, град одма јужно од најголемиот град во регионот - Сендаи, каде што цунамито предизвикано од силен земјотрес со магнитуда 9,0 го погоди крајбрежјето на таа област. „Морскиот ѕид“, висок 7,2 метри, е изграден неколку години пред да се забави ерозијата на плажите во Ивануме, успеал да ја ослабне водената стихија во голема мера, како и боровите дрвја засадени по должината на брегот, но таа сепак навлегла пет километри во копното.

Патниците и вработените гледал од горните катови и покривот на аеродромот како брановите ги разнесуваат автомобилите, згради и авиони, како и целаи куќа во густо населената област на плажата. Градот потоа ја поправи штетата на морскиот ѕид, но не планира да ја зголеми неговата висина. Наместо тоа, Игучи бил еден од првите локални функционери кои го поддржуваат планот на поранешниот премиер Морихира Хосокава да се засадат шуми на мешани дрвја по должината на брегот, на високите ѕидини на земјата и ѓубривото, како би се помогнало да се создаде живо „зелени ѕид“, кој ќе опстане бидејќи поголемите бетонски структури би се срушиле.

morski zid 3

„Нам не ни треба повисоко морски ѕид. Она што ни треба есите на време да се евакуираат. Најбезбедно за луѓето е да живеат на повисока надморска височина, како и нивните домови и професии да се на различни локации. Ако тоа го постигнеме, ние не мора да имаме „голем ѕид“, рече Игучи. И жената Премиер Шинзо Абе се противи на изградбата на бетонскиот ѕид долж североисточниот брег на Јапонија. Таа во септември минатата година во говорот во Њујорк оценила дека ѕидовите може да им оневозможат на жителите на крајбрежните региони да ги забележат идните цунамиа и да избегаат на време, и додала дека нивното одржување би можело да биде скапо за целата малобројна крајбрежна популација.

„Она што сакам да го истакнам е дека без оглед на она што луѓето се обидуваат да го создадат, нема да победи природата, така што ние, луѓето треба да најдеме начин за соживот со неа.  Да се избега кога се појави опасноста е најважна работа за да човек би со сочувал животот“, заклучил еден локален лидер.

morski zid 4

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави