17 Декември, 2025
0.0507

(ФОТО) Кој е Андреас Лубиц – копилотот кој го урна „Ербасот А 320“

Објавено во: Свет 26 Март, 2015 14:51

Добивај вести на Viber

Андреас Лубиц , кој копилотираше со авионот на компанијата „Џерманвингс“ на летот  4U 9525 и најверојатно намерно го урнал авионот е 28 годишен Германец.

Лубиц живеел во германскиот град Монтабаур и во летачкиот клуб се зачленил многу млад како би го остварил својот детски сон за летање, наведува ЛПС клубот на својот сајт.

„Тој го остварил својот сон, сон кој го плати со својот живот“, додаваат од клубот.

kopilot

Бил еден од најдобро оценетите пилоти на светот на квалифициони тестови и многу брзо после завршувањето на обуката почнал да работи.

Лубиц бил вработен во компанијата „Џерманвингс“ од септември 2013 година и имал зад себе 630 часа летачко искуство, рекла портпаролката на „Луфтханза“.

Како што пренесува светски „Тајм“, неговите сограѓани го познаваат како „прилично тивок“, но пријателски настроено момче“.

Последниот пат отишол во родниот град минатата есен како би ја обновил дозволата за едрилицата и тогаш „не покажувал никави знаци кои би можеле да укажат на депресија“.

„Бил среќен поради својата работа во компанијата и добро му одеше. Даваше впечаток на момче кое е задоволно“, рекол неговиот колега од клубот Питер Рекер.

kopilot 1

Лубиц летачка дозвола за управување со едрилица добил уште како тинејџер и е примен во програмата за обука на „Луфтханза“ после завршувањето на една од најпочитуваните и најстрогите училишта за пилоти во Германија.

Школувањето го завршил во Бремен, во летачкото училиште „Луфтханза“ , која е мајка фирма на компанијата  „Џерманвингс“.

Авионот на „Џерманвингс“ кој со 144 патници и шест членови на екипажот се урна во Јунжна Франција, тргнал од Барселона за Дизелдорф во вторникот, во 10:01 минута, со 24 минути закаснување.

„Во кабината владеала целосна тишина, Копилотот не кажал ниту збор откако пилотот излегол од кабината. Копилотот намерно одбивал да ја отвори вратата на пилотот. Ова не е несреќа“, рекол обвинителот додавајќи дека тоа се заклучува врз основа на снимките од црната кутија во последните 30 минути.

Патниците не биле свесни што се случува, отишле во смрт незнаејќи.

„Смртта настапила веднаш. Авионот ударил во планината при брзина од 700 км/час. На самиот крај се слушаат само крици“, рекол Робен.

Копилотот, идентификуван германски државјанин, го имал авионот под контрола откако капетанот излегол од кабината. Кога тропал на вратата да го пушти, не сакал. Го притиснал копчето кое авионот го пратил право во карпата.

„Нормално дишал и изгледа дека воопшто не бил нервозен. Капетанот Патрик Сондерхејнер плакал и молел, но Лубиц само молчел“, зборува Робен и наведува дека се знае дека Лубич бил жив до моментот на ударот на авионот во планина: снимено е неговото дишење.

„Имаме снимка од разговорите од кабината последните пола часа лет. Копилотот и пилотот во првите 20 минути разговарале целосно нормално, а потоа пилотот издал порака дека авионот „набрзо ќе слета во Дизелдорф“. Во тие моменти капетанот го замолил копилотот да го превземе управувањето на авионот и потоа се слушнало туркање на седиштето кон вратите на кабината. Копилотот тогаш почнал да го спушта авионот. Намерно? Секако, тоа не може да се направи автоматски ... Во последните моменти на лет капетанот го молел копилотот да го пушти внатре“, ги раскажува Робен потресните детали. За капетанот Патрик Сондерхејнер , исто така германски државјанин, се знае дека имал помеѓу 30 и 40 години, дека бил искусен пилот и дека 10 години работел за „Луфтхаза“. Зад себе оставил две деца. Авионот паднал отприлика во 10:49 минути, кога исчезнал секој контакт со него.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави