Добивај вести на Viber
Текст пораката која доаѓа во инбокс на вашиот фб профил предупредува дека вашиот профил е исклучен поради вознемирување на другите корисници и дека е потребно, преку линкот кој се наоѓа во пораката, повторно да го активирате вашиот профил. Секако, клик на линкот отвара лажна Фејсбук страница која бара да внесете податоци, вклучувајќи го вашиот датум на раѓање. Немојте тоа да го правите, бидејќи на напаѓачите ќе им ги откриете вашите податоци.
Вашиот Фејсбук профил не е деактивиран, не грижете се и затоа заобиколете ја пораката, избришете ја или означете ја како спам и предупредете ги другите преку Фејсбук.
Во галеријата подолу јасно ќе видите дека се работи за измама и иколку вешто се кријат измамниците. Обратете внимание на означениот линк во прегледувачот.
(Извор: Мондо.рс)