(ФОТО) Овој изум би можел да ни го олесни животот!
Објавено во: Мои пари 16 Мај, 2014 10:41
Кога би заживеала идејата на еден колумбиски студент, сигурни сме дека животот на многумина би им станал полесен, посебно на презафатените жени и семејства со многу деца. Еве во што е „трикот“.
Имено, студентот Хуан Камило Рестрепо Виламизар измислил волшебна метална кугла која се става во корпата за нечиста облека и ја чисти, а идејата е всушност нечистата облека да не се става во машината, туку „машината да ја ставиме меѓу нечистата облека“.
Во оваа идеја би можела да ни помогне “Луна“ - мала метална куглица која прави чуда. Кога се стави меѓу нечистата облека, преку порите на металната површина исфрла облак од статички набиена водена пареа која продира низ ткаенината. Куглата се врти низ облеката со помош на вибрации и импулси, па така ја тресе и чисти облеката, пронаоѓајќи и чистејќи ги прашливите честици.
Во таа смисла, куглата се однесува како “магнет“ која со својот статички магнет привлекува нечисти честици импрегнирани со водена пареа, па преку порите на површината ги усмукува. После чистењто, останатата влага во облеката куглата ќе ја исуши со топол воздух.
Ваков концепт би не ослободил од гломазните машини за алишта, а што е најдобро ваквиот начин на „перење“ ја негува ткаенината, ни заштедува време, вода и електрична енергија, но пред се ја зачувува околината.
Ова е сигурно производот на иднината, заклучил Хуан, чиј изум влезе во финалето на престижниот натпревар „Electrolux Design Lab“. Доколку победи на овој натпревар, тој за неговиот изум ќе добие 5000 евра и шест месеци платена пракса во компанијата „Electrolux Design Lab“.
Можеби ќе ве интересира
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА





