(ФОТО) Последно збогување од сопругата и ќерката на убиениот адвокат Огњановиќ
Објавено во: Балкан 31 Јули, 2018
Адвокатот Драгош Миша Огњановиќ беше убиен во саботата вечерта во дел од гаражата во зградата каде што живеел во Нов Белград, а погребот ќе биде одржан ан 1-ви август.
Неговата сопруга Сања Папиќ објави некролог за неговото испраќање во вечното почивалиште.
Некролог објавија и неговите колеги, кои цела недела ќе штрајкуваат, барајќи од полицијата итно да го реши случајот и да го пронајде напаѓачот, за кого се верува дека бил професионален убиец.