(ФОТО) Потпишување на Граѓаните против Законот за хонорарци
Објавено во: Македонија 23 Март, 2015
Граѓаните од денеска почнаа да се потпишуваат за оспорување на уставноста на пакетот закони со кои на хонорарците им се наметнува обврската за плаќање придонеси за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување , иницијатива организирана од АЈДЕ - Платформата за граѓанска политика.
Иницијативата е подготвена во консултативен процес со граѓанските и еснафските здруженија и со неа се бара Уставниот суд да донесе времена мерка за стопирање на примената на законите, одржување јавна расправа во Судот и конечно, поништување на спорните закони.
Потпишувањето ќе се одвива пред ПИОМ секој ден од 09-16.00 часот.
Ширум земјава граѓаните ќе може да се потпишаат на следниве места:
1. Скопје: ГЕМ клуб, Стара скопска чаршија, ул. Караорман бб, тел. 02 322 4701; 2. Битола: Младински културен центар – Битола, ул. Цар Самоил 29, тел 047 233 020; 3. Кратово и Крива Паланка: Здружение Регионален центар за одрзлив развој, ул Гоце Делчев 24, тел 031 481 542; 4. Дебар: Центар за одржлив развој на заедницата, ул.Велко Влаховиќ бр.13, тел. 046/835-106; 5. Тетово: Младински образовен форум – Тетово, ул. Јане Сандански 48/1, тел. 078 220 801; 6. Штип: Фондација за развој на локалната заедница, ул. Сремски фронт бб (детска градинка „Сончогледи“, населба „Сењак“), тел. 032 383 116; 7. Прилеп: Здружение центар за стратегии и развој ПАКТИС, ул.Tрајко Сандански А2-1, тел. 078 815 251; 8. Струга: Центар на Заедницата на Општина Струга, ул. „Владо Малески “ б.б. ( зграда на министерство за одбрана), тел. 046 839 112; 9. Делчево: НВО КХАМ, ул. Маршал Тито 69 (стар пожарен дом), тел. 033 413 695; 10. Струмица: Центар на заедницата на општина Струмица ул. Благој Мучето бб, тел. 034 334 117 11. Куманово: Национален ромски центар, ул. Доне Божинов 11/5, тел. 031 427 558; 12. Берово: Здружение за промоција и заштита на прават на ромите - Roma Future, тел. 075 621 267; 13. Кавадарци: Проект ЕУ, тел. 070 236 461; 14. Кичево: НВО Месечина, ул. Маршал Тито 407, тел. 070 726 438;
Од „АЈДЕ“ велат дека формуларите со претставките ќе бидат групно поднесени до Уставниот суд на Република Македонија во втората половина на април 2015 година.