(ФОТО) Потресна церемонија со знамиња во чест на загинатите
Објавено во: Свет 26 Март, 2015 21:11
Обединети од трагедијата, луѓе од различни националности подигнаа знамиња на земјите чиј државјани се загинати, соопштува Ројтерс.
Како што соопштивме најмногу загинати има од Германија. Шпанците се втората најголема бројна група. Останатите идентификувани патници се државјани на Велика Британија, Холандија, Колумбија, Мексико, Јапонија, Данска, Белгија, Израел, Австралија, Аргентина, Иран, Венецуела и САД. Денес беше објавено дека загинати Американци има вкупно тројца.
Информациите постојано се ажурираат.
За тажната церемонија се собраа и полицајци, пожарникари, лекари и експерти кои се вклучени во истрагата.
Продолжува претресување низ урнатините на паднатиот авион „Ербас“ А320. Дел од телата на жртвите се пронајдени и се превезуваат со хеликоптери од местото на несреќата.
Во меѓувреме стана јасно дека полицијата ги претресла двата станови на вториот пилот Андреас Лубиц. Покрај домот на неговите родители во Монтабаур, претресен е и неговиот стан во Дизелдорф.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




