(ФОТО) Се повеќе лед, и покрај глобалното загревање!
Објавено во: Мои пари 01 Септември, 2014 17:43
Судејќи според снимките на НАСА и покрај тоа што научниците говорат за глобалното загревање, ледената капа на Арктикот последните две години се зголемила за 43 одсто, што значи дека ледот се порширил на уште 1,7 милиони квадратни километри. Освен тоа, и на Антартикот е забележано ширење на ледената покривка.
Од друга страна, податоците на данскиот Институт за метеорологија говорат за уште поголемо проширување, од дури 63 одсто. Сателитските снимки укажуваат не само на ширењето на ледената површина туку и на нејзиното зајакнување, односно густина.
Ледот станува подебел, а со тоа и поотпорен на распаѓање во иднина, наведува професорот Ендри Шепард од британскиот Универзитет во Лидсу, додавајќи дека невообичаеното ладно лето влијаело на ширењето на ледената маса.
Иако преовалдуваат теориите дека глобалното загревања говори за тоа дека поларните капи се топат и дека поради тоа се ослободува голема количина метан во заробениот мраз, се чини дека научниците уште мораат да видат колкаво влијание човекот има на брзината на загревање и ладење на Земјата.
Експертот за проучување на ледените површини Ед Хокинс од Универзитетот во Рединг вели дека теоријата на глобалното загревање на дава целосно објаснување за климатските промени.
„Освен човечкиот фактор, кој е доминантен, мора предвид да се земат и природните варијабли, како многу природни процеси кои се циклични. Според тоа, би требало Земјата да почне да се лади, а не да се загрева, објаснува Хокинг.
Освен на Северниот пол, зголемување на ледените површини е забележано во изминатите неколку години и на Антарктикот.
Леднот на Јужниот пол покрива околу 18 милиони квадратни километри.
Исклучок се последните години кога се случуваше ледената површина поради моментално високите температури да се намали, научниците во последните 40 години на Јужниот пол бележат бавен, но константен пораст на ледената површина.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“







