Добивај вести на Viber
Шарените револуционери точно напладне блокираа три мостови во главниот град.
Мостот Слобода, Мостот Гоце Делчев и Мостот Мајка Тереза денеска ќе бидат на удар на шарената револуција.
Тие во најавата за денешната акција која е дел од протестите велат дека нема да дозволат криминалците да останат неказнети, а демонстрантите да бидат под прогон.
Велат дека се моќни, и ги сплотува една силна идеја и слободно општество и тоа ќе го покажат преку нивните следни дејствија!