19 Декември, 2025
0.0541

(ФОТО) Симбол на нова империја: Новата палата на Ердоган

Објавено во: Мои пари 30 Ноември, 2014 18:36

Добивај вести на Viber

Пред неколку дена, Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган  се всели во новата палата „Ак Сарај“ или „Бела палата“. Првиот гост на палатата бил Папата Фрањо кој е всушност во посета на Турција.

„Ак Сарај“ е изграден на земјиште од 150.000 квадратни метри.

Грандиозната палата е поголема и од Версајскиот дворец, и од „Белата куќа“, па дури и од Кремљ.

Од 1000 простории, колку што има оваа зграда, дури 250 се“  резервирани за „приватни претседателски простории“.

Цената на изработката на „Белата палата“ достигна неверојатни пола милијарди евра!

Се проценува дека само месечната сметка за струја во палатата ќе изнесува околу 313.000 долари.

На сите обвинувања кои пристигнале по повод изградбата на оваа велелепна зграда на негова сметка, Ердоган кратко изјавил дека палатата не е за него туку дека таа е показател на „престижната Турска нација“. Дека палатата не е „градена“ за него покажува и податокот дека првобитно е планирано таа да биде резиденција на премиерот, но планот е променет токму во времето кога Ердоган ја заменил премиерската функција со претседателската.

Неколку стотици еколошки активисти денеска протестираа пред резиденцијата, бидејќи таа е изградена на најзачуваниот дел од шумата во Анкара, но полицијата брзо го завршила протестот.

 

   

Можеби ќе ве интересира

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА