(ФОТО) Skoda Octavia RS – Најбрзата Octavia произведена досега!
Објавено во: Мои пари 07 Април, 2014 14:54
Од семејството на веќе популарната Шкода Октавиа која неодамна во Македонија го доби и признанието „Автомобил на годината“ доаѓа и новата Skoda Octavia RS, комбинација од спортски карактер, просторност и функционалност, а која е достапна во две изведби- како лимузина и комби. Брзите лимузини се избор на многумина возачи кои бараат нивното возило да има перформанси и возни својства на спортски автомобил, но притоа не сакаат да се откажат од комоцијата и практичноста на класичните каросериски форми. Она што е навистина интересно е тоа дека новата Octavia RS се нуди и како Octavia Combi RS, односно караванска изведба. Со ова покрај спортскиот дух, Octavia на патниците им нуди и максимална практичност.
“Octavia е срцето на брендот Шкода. Автомобил препознатлив по бескомпромисниот квалитет, огромна пространост, удобност и легендарна издржливост, a новата Skoda Octavia RS го има сето ова и многу повеќе! Во споредба со претходниот модел, нуди повеќе моќност, но и до 19% пониска потрошувачка на гориво, меѓу другото и благодарение на Старт-Стоп системот, како и системот за регенерирање на енергијата при сопирање кои се нудат како стандардна опрема. Подобрената управливост произлегува и од електромеханичкото прогресивно управување кое овозможува со помало вртење на управувачот да се совлада свиокот. Големата моќност е надополнета и со вистинска спортска елеганција. Во споредба со стандардниот модел, RS е понизок за 12
милиметри. Внатрешноста го нагласува спортскиот карактер на RS преку амбиенталното осветлување, спортските седишта и трикракиот управувач обложен со кожа. Праговите и педалите се изработени од благороден челик, а автомобилот поседува средишен дисплеј кој е единствено се вградува во спортскиот модел. Логото RS секако е забележливо на повеќе места во ентериерот, изјави Миле Станчев, бренд менаџер за Шкода.
Новата Octavia RS се нуди во две изведби – бензинска и дизелска. Дизелската изведба ја носи
ознаката RS TDI и доаѓа со веќе познатиот 2-литарски турбодизелски агрегат на Volkswagen кој испорачува 184 коњски сили. Благодарение на овој мотор, RS TDI забрзува до 100 километри на час за 8.1 секунди, а максималната брзина е 232 километри на час.
Поинтересната, бензинска изведба се нуди со 2-литарски турбо-бензински агрегат кој нуди 220 коњски сили. Со овој мотор, Octavia RS забрзува od 0 до 100 километри на час за само 6.8 секунди, а максималната брзина изнесува фасцинантни 248 километри на час!
Skoda Octavia RS е вистински автомобил за оние со спортски дух, кои уживаат во големите брзини и долгите патувања, на кои истовремено им е важна и ниската потрошувачка и пространоста.
Можеби ќе ве интересира
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




