17 Декември, 2025
0.0566

(ФОТО-ВИДЕО) Втора ерупција на вулканот во Чиле, жителите раскажуваат страшни сведочења

Објавено во: Свет 24 Април, 2015 15:08

Добивај вести на Viber

Втора ерупција на вулканот Калбуко во јужниот дел на Чиле ги покри со дебел слој вулканска пепел градовите и села кои се наоѓаат во негова близина .

Вчерашната прва ерупција на вулканот после 4 децении исфрли вулканска пепел на височина од над 6 километри во воздухот.

cile

Втората неочекувана ерупција во регионот Лос Лагос ги засили стравувањата дека локалните извори на вода ќе бидат отруени, и ќе им донесе респираторни проблеми на локалните жители. Пепелта покри автомобили и куќи во градовите лоцирани во радиус од 29 километри од вулканот. Масовна евакуација во регионот продолжува.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/yPttv1LDLdw[/embed]

Во минатото ерупциите на вулканот Калбуко траеле околу една недела, соопшти вулканолог од Оксфорд, додавајќи дека не е можно да се предвиди кога вулканот ќе се разбуди. Калбуко е еден од најопасните 90 активни вулкани во Чиле. Сепак тој не бил под надзор, кога вчера еруптирала околу 18:00 часот по локално време. Вонредните служби биле изненадени и имале само неколку минути да објават тревога.

Локалните власти соопштија дека биле евакуирани околу 4.000 луѓе поради загадениот со гас и пепел воздух во реонот на вулканот, кој се наоѓа до градовите Порто Варас и Пуерто Монт.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/Ih3MLIszTCQ[/embed]

Професор Дејвид Гејл, кој ги проучува вулканите во Чиле, смета дека сегашната  ерупција на Калбуко е една од најсилните, како и исфрлениот во воздухот пепел може да го премине Тихиот Океан и да стигне до Австралија. Според него, сегашната ерупција е со сила "три од четири" во вулкански експлозивен индекс, што значи дека вулканот исфрлил во атмосферата десет милијарди кубни метри пепел.

30-годишен жител на Порто Варас раскажува дека жителите на Чиле се силно загрижени од штетните ефекти од ерупцијата по нивното здравје. "Се разбудив и имаше ќебе од магла која не се беше разчистена. Над нас имаше слој чад ", вели тој. "Луѓето беа во паника, додека пепелта се распространуваше. Слушнав силна бучава, како да има бомба околу мене", раскажува Мигел Диаз, кој живее во Пуерто Монт.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/iZB27ot3eHg[/embed]

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави