(ФОТО) Во Аеродром ќе никне парк вреден 30 милиони денари
Објавено во: Македонија 26 Март, 2015
30 милиони денари е вредноста на инвестицијата чиј старт беше означен вчера.
Станува збор за изградба на нов парк спроти „Мајчин дом“ кој ќе никне на просторот на аголот меѓу улицата „Васко Карангелевски“ и булеварот „Јане Сандански“.
Паркот ќе зафаќа површина од 2.319 м2 и ќе содржи пешачки патеки, водени површини, езеро со фонтани и водопади, река и детско игралиште.
Во паркот ќе се задржат постојните дрвја кои се наоѓаат на оваа локација, а дополнително ќе биде засадено ново зеленило од нискостеблести растенија и цвеќе. Површините со вода ќе бидат осветлени со рефлектори, кои ќе го надополнуваат амбиентот во вечерните часови.
-Со изградбата на овој парк ќе се придонесе за подобрувањето на животната средина во Општина Аеродром – истакна градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот Коневски потенцираше дека со хортикултурно и партерно уредување на овој простор ќе се создаде пријатно место за престој на жителите на овој дел од општината.