(ФОТО) ВО БЛИЗИНА НА НЕА КАЛИКРАТИЈА ВО МОРЕ ПАДНА МАКЕДОНСКИ АВТОМОБИЛ - имал скопски регистарски таблички, нема повредени
Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2022 18:58
Автомобил со скопски регистарски таблички падна в море во Неа Каликратија, Грција.
На социјалните мрежи, на порталот Грчка инфо се споделуваат фотографии од автомобилот, кој за среќа бил празен и во несреќата нема повредени.
Се апелира туристите да внимаваат каде и како паркираат и задолжително да користат рачна кочница кога паркираат на угорнини.
„Предупредување!! Би сакал да го привлечете вниманието на вашите следбеници на паркирање на угорнина. Задолжително рачна, задолжителна брзина и правилно тркалање на тркалата. За жал денеска во Неа Каликратија се случи несреќа кога паркиран автомобил слета во морето. За среќа никој немаше во автомобилот. Туристите се од Македонија, скопски таблички“, се вели во апелот на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет




