15 Јануари, 2025
0.0536

(ФОТО) ЖИТЕЛИ НА КАРПОШ ПРОТИВ ОПШТИНАТА: Паркот не го даваат!

Објавено во: Македонија 13 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Против нова станбено колективна зграда на Улица Букурешка се жителите на општина Карпош.

karpos3

Револтирани од најавите за новиот објект кој ќе го замени моменталниот парк, граѓани вчера ги турнаа тарабите со кои беше оградено местото на градење, а на околните дрвја оставија пораки со кои порачуваат надлежните да не градат згради оти сакаат зеленило.

karpos5

Само згради, згради, згради. Направете нешто корисно за нас и околината. Ќе ве тужам!“„Направете нешто корисно, не лупајте само згради. Кој ќе живее, а? Направете некое паркче, фонтани, фудбалски терен“, се само неколку од напишаните реакции на децата од „Букурешка“.

karpos4

Несогласувањето со оваа најава, граѓаните ќе го искажат и денеска.

Имено во 17.30 часот тие преку социјалните мрежи организираат маалско дружење во паркчето на крајот на улицата.

Причина за оваа дружба е посочување на значењето на оваа и другите зелени површини во населбата за граѓаните преку најразлични активности: - Спортување - Уметничко катче - Музика - Маалски муабети итн.

Порачуваат дека нема да дозволат уште едно место кои ги асоцира на младост, дружба, смеа да се претвори во бетон.

ОПШТИНАТА ТВРДИ ДЕКА ДУПОТ Е ЗАКОНСКИ ДОНЕСЕН УШТЕ ПРЕД 13 ГОДИНИ

Од општината пак велат дека го разбираат револтот на граѓаните, но го сметаат за неоправдан.

Велат оти се работи за станбено колективна зграда , објект кој ќе го гради јавното претријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.

karpos6

„Станува збор за објект кој има маркица веќе 13 години. Во 2003 година со деталниот урбанистички план на тоа земјиште е исцртана маркица со намена домување . Тогаш ДУП-от се викаше за Тафталиџе 1-Јужен дел. Во 2012 се проширува мал дел , се носи нов проширен урбанистички план за Тафталиџе Север Југ така што повторно се потврдува таа зграда со намена за домување и истата година во декември 2012 генералниот  урбанистички план на Град Скопје повторно ја потврдува намената дека на таа градежна парцела ќе има домување“, изјави за фактор Вики Цветковска од општина Карпош, дополнувајќи дека и во 2016 со тој ДУП објектот се потврдува уште еднаш .

Од општината исто така посочуваат дека во овој случај градежната дозвола не може да се одземе, може само да се корегира.

„Мора да се почитуваат законите, а законите велат еднаш утврдена намена за градење, не може да ја поништиш, ниту да ја намалиш, може да се доградува, надградува  меѓутоа никако да се поништи. Освен ако постои некоја виша сила на тоа место да се открие некој археолошки локалитет или нешто од извонредно значење тогаш може да се смени“.

Како индикативен го окарактеризираа молкот на граѓаните во изминативе 13 години.

Цветковска укажува дека граѓаните можеле да ги кажат своите забелешки и да го спасат паркот, на јавната анкета која секогаш се објавува во две весници при носење на ДУП.

„Кој и да е градоначалник или било кој советник нема законско право да ја смени намената или да ја поништи, индикативен е моментот на реагирање на граѓаните, кои досега имаа три анкети и три пати можност да реагираат“, вели таа.

karpos7

РЕАКЦИЈА И ОД ПАРТИЈАТА ДОМ

И Партијата на Лилјана Поповска повика да запре  бетонирањето на Тафталиџе

„Ги потсетуваме општинските власти од Карпош дека на граѓаните им ветија дека ни педа зеленило нема да се уништи во општината! Каде е сега нивниот збор, како ќе им излезат пред очи на граѓаните? Па нели се во изборна кампања, дали се откажале од гласовите на жителите на Карпош? Или пак знаат дека таму веќе поддршка не добиваат? Настрана шегата, скандалозно е што овој обид за узурпација на детското игралиште и паркот се прави во матно време, во денови на сериозна политичка криза што ја потресува Македонија. Жално е што на некои луѓе изгледа токму тоа им се вклопува во бизнис-планот“, стои во соопштението на ДОМ.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос