16 Декември, 2025
0.0504

ФОТОАПАРАТИ, ДРОГА, АВТОДЕЛОВИ, КЕРАМИЧКИ ПЛОЧКИ, ВОЗИЛО СО БУНКЕР - Цариниците со огромна заплена на непријавена стока

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2025 10:59

Добивај вести на Viber

Во текот на минатите две недели, од страна на мобилни царински тимови откриени се повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани фотоапарати, керамички плочки, делови за автомобили, дрога, играчки од познати марки, облека...
Од Царинска управа посочуваат дека автобус со турски регистарски таблици е запрен на наплатната рампа Петровец и однесен до царинската испостава Скопје 4 со цел да се изрши детална контрола. Притоа е откриено дека внатрешноста на компресорот за климатизација е празна и прилагодена за криумчарење стока.

Во друг случај откриени се два употребувани фотоапарати SONY и CANON со објективи од 50 мм кои при контрола на автобус кој сообраќал на редовна линија Брисел-Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце, биле пронајдени сокриени во ќеса над првите седишта. Вредноста на апаратите е проценета на 87.300 денари, а избегнатите давачки се во износ од 20.864 денари.

При контрола на стока со потекло од Кина наменета за фирма од Скопје, а пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија, откриени се 662.4 м2, керамички плочки кои не биле опфатени со царинските документи.

Во друг случај, во делот за товар на возило пикап кој бил запрен за контрола во близина на граничниот премин Блаце, биле пронајдени 20 употребувани делови за BMW X5 (хауба, браник, поткрила, полуосовини, зглобови, амортизери, врата, халогенки, фар, воздушно пернилче и друго).

При личен претрес на сопатничка во автомобил на влез во државата на граничниот премин Табановце, пронајдени се 2 грама кокаин завиткани во најлонска кесичка.

Меѓу одземените предмети се и 1.632 играчки со ознаки на заштитена трговска марка, кои биле пронајдени при контрола на стока со потекло од Кина сместена во јавен царински склад и пријавена за увозно царинење. Играчките се задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.

Откриени се исто така и 39 парчиња облека и 3 женски чанти во две кутии сместени на седиштата на патничко комбе кое се пријавило за влез во државата на граничниот премин Табановце. Вредноста на производите изнесува 137.000 денари, а избегнатите давачки се во износ од 52.773 денари.

Царински инспектори од Службата за мобилни скенери на влез во државата на граничниот премин Богородица откриле непријавени 11 штеки цигари без акцизни маркички под возачкото седиште, на задното седиште и во багажникот на автомобил. Вредноста на цигарите изнесува 12.262 денари, а избегнатите давачки се во износ од 21.830 денари.

Во два одвоени случаи од страна на царински службеници на граничниот премин Ново Село откриени се:

45 М-ТАГ апарати за плаќање патарина кои биле сокриени во багажникот на автомобил пријавен за влез во државата. Вредноста на апаратите изнесува 69.255 денари а избегнатите давачки се во износ од 9.676 денари.

1 турбина марка BorgWarner 14G25-0037 е пронајдена во багажникот на автомобил пријавен за влез во државата. Вредноста на турбината изнесува 69.255 денари, а избегнатите давачки се во износ од 15.436 денари.

На граничниот премин Богородица во два одвоени случаи откриение се 240 пара патики со ознаки на заштитена трговска марка и 59 машки џемпери.

Во првиот случај, при контрола на камион кој бил пријавен за влез во државата, пронајдени се 240 пара патики со ознаки на заштитена трговска марка. Стоката е задржана поради сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост.

Во вториот случај, во внатрешноста и во багажникот на автомобил, пријавен за влез во државата, биле пронајдени непријавени 59 машки џемпери.

Царински службеници на влез во државата на граничниот премин Дојран, открија 134 текстилни производи и 232 парчиња бижутерија. Стоката била пронајдена во ќеси кои биле сместени на задните седишта и во багажникот на автомобил. Вредноста на непријавените производи изнесува 47.270 денари, а избегнатите давачки се во износ од 17.882 денари.

На граничниот премин Табановце пронајдени се 57 парчиња облека во две патни торби кои биле сместени во багажникот на автомобил пријавен за влез во државата. Вредноста на непријавената стока изнесува 98.500 денари, а избегнатите давачки се во износ од 35.946 денари.


Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи