ФОТОГРАФИИ ОД ОПОЖАРЕНИОТ БУГАРСКИ ЦЕНТАР ВО БИТОЛА: Вака утринава изгледа „Ванчо Михајлов“
Објавено во: Македонија 04 Јуни, 2022 10:10
Утринава во Битола
се опожарени просториите на бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“. Граѓаните
кои во моментов минуваат оттаму, за Фактор потврдуваат дека има зголемено
присуство на полицијата и дека инцидентот се истражува.
-Не знеме ниту кој го предизвикал пожарот, ниту кога ова се случило. Има полиција, истражуваат, но ова ќе прерасне во поголема работа, сведочат за Фактор граѓани на Битола.
Велат дека уште пред отворањето имало огормен број кои биле против бугарскиот културен центар и дека протести се организирале и на денот на доаѓањето на бугарската делегација во средината на април, предводена од премиерот Кирил Петков.
-А и како да не се противат граѓаните, кога на самиот влез пишува „Залудни се напорите на таканаречениот македонски народ да го лаже светот“. Сепак, опожарувањето не го оправдувам. Треба да се најдат други начини да се решаваат проблемите, вака само се продлабочуваат, вели Марија Т од Битола.
Инаку, уште кон крајот на Април, шефот на дипломатијата Бујар Османи во интервју за БТВ рече дека таблата на кој е испишан тој цитат претставува голема провокација и навреда за граѓаните на Македонија.
„Ова е голема навреда за нашите граѓани, ова е голема навреда за луѓето што ги застапувам. Ова кај нас се смета за провокација. Не верувам дека бугарските власти дојдоа поради оваа порака на Михајлов, која беше поставена на влезот од клубот. Но, вака се толкуваа сите овие пораки што ги налутија граѓаните. И наша должност е да ги разјасниме овие прашања, отворено да си кажеме што е она што не провоцира, што не лути, за да можеме во отворен дијалог да ја создадеме нашата заедничка иднина“, изјави во тогашното интервју за БТВ, министерот Османи.
Денешниот
вандалски чин наиде на остра реакција Министерството за надворешни
работи кое го осудува актот
на намерно палење на влезот на здружението Иван Михајлов во Битола.
-Ваквиот вандалски напад е
уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнувањето на напредок
во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска
иднина. Ова кривично дело не
случајно е извршено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог во
функција на надминување на отворените прашања на патот на евроинтеграцијата на
Северна Македонија. Надлежните органи на државата прават напори за откривање на
сторителот на овој вандалски чин, соопшти МНР.
Еве како утринава изгледаат просториите на Центарот „Иван Михајлов“
А. Б.
Можеби ќе ве интересира
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина




