Франција: Договорот ќе овозможи Скопје и Софија да ги продлабочат дијалогот и соработката
Објавено во: Македонија 02 Август, 2017
Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.
„Франција потсетува дека добрососедските односи и регионалната соработка се основните елементи од процесот на европско приближување. Тие придонесуваат за просперитет, стабилност, помирување и за создавање на погодна клима за решавање на билатералните спорови и проблеми наследени од минатото“- стои во соопштението на француското Министерство за Европа и за надворешни работи.