03 Јануари, 2025
0.0265

ФРАНЦИЈА: Mоментално штедат 85 отсто од граѓаните

Објавено во: Економија 08 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Населението во Франција има навика да штеди.  Во извештајот се наведува дека во Франција моментално штедат 85 отсто од граѓаните кои генерално избегнуваат ризик и претпочитаат сигурни инвестиции, пренесува Фигаро. Најпопуларни меѓу Французите се регулираните штедни сметки, штедните влогови и животното осигурување, како и пензиските заштеди.

Французите сè уште се закоравени штедачи и покрај различните геополитички, социјални и здравствени кризи, покажа истражувањето на агенцијата Ifop.

Француските штедачи се придржуваат до логиката на минимален ризик, затоа што 69 отсто од испитаниците изјавиле дека претпочитаат низок ризик и принос, додека само 17 отсто изјавиле дека се подготвени за поризични инвестиции кои потенцијално носат високи приноси.

Во истражувањето, 75 отсто од Французите рекле дека вложуваат пари на заштеда барем еднаш на секои шест месеци, а дури 42 отсто рекле дека барем еднаш месечно ставаат пари настрана за заштеда.

Постарите повеќе штедат. Се покажало дека 45 отсто од младите луѓе во Франција на возраст меѓу 18 и 24 години изјавиле дека имаат неколку штедни производи во споредба со 64 отсто од оние над 65 години.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ТРИ НОВИ ЧЛЕНОВИ: БРИКС се шири

УШТЕ ТРИ НОВИ ЧЛЕНОВИ: БРИКС се шири

ЗЛАТНИ РЕЗЕРВИ ВО СВЕТОТ: Некои земји ги зголемија, а други ги намалија

ЗЛАТНИ РЕЗЕРВИ ВО СВЕТОТ: Некои земји ги зголемија, а други ги намалија

ЦЕНИТЕ НА КАФЕТО И КАКАОТО УРИВААТ РЕКОРДИ: Што доведе до поскапување?

ЦЕНИТЕ НА КАФЕТО И КАКАОТО УРИВААТ РЕКОРДИ: Што доведе до поскапување?

ЕКСТРАДИЦИЈА НА КРИПТО КРАЛОТ КВОН ДО: Црна Гора одлучи да го испорача на САД, Јужнокореецот направи измама од 40 милијарди долари

ЕКСТРАДИЦИЈА НА КРИПТО КРАЛОТ КВОН ДО: Црна Гора одлучи да го испорача на САД, Јужнокореецот направи измама од 40 милијарди долари

СРБИЈА НЕМА ДА БИДЕ ПОГОДЕНА СО СУСПЕНЗИЈАТА НА РУСКИОТ ГАС НИЗ УКРАИНА - српската министерка вели дека граѓаните не треба да се грижат

СРБИЈА НЕМА ДА БИДЕ ПОГОДЕНА СО СУСПЕНЗИЈАТА НА РУСКИОТ ГАС НИЗ УКРАИНА - српската министерка вели дека граѓаните не треба да се грижат

ВАЖНИ ВЕСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО СРБИЈА - исплатата на зголемените пензии почнува утре, а има и формула како да се пресмета покачувањето

ВАЖНИ ВЕСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО СРБИЈА - исплатата на зголемените пензии почнува утре, а има и формула како да се пресмета покачувањето

Народна банка: За 50 отсто зголемени плаќањата преку мобилен телефон

Народна банка: За 50 отсто зголемени плаќањата преку мобилен телефон

КОМПАНИЈА ОД МНОГУ МОЌНА ЕУ ЗЕМЈА ЌЕ ИНВЕСТИРА ОКОЛУ 350 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПРОИЗВОДСТВО НА БАТЕРИИ: Мицкоски најавува бомбастична инвестиција

КОМПАНИЈА ОД МНОГУ МОЌНА ЕУ ЗЕМЈА ЌЕ ИНВЕСТИРА ОКОЛУ 350 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПРОИЗВОДСТВО НА БАТЕРИИ: Мицкоски најавува бомбастична инвестиција

ДОАЃААТ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО 2025: Патувањето драстично се менува

ДОАЃААТ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО 2025: Патувањето драстично се менува